fbpx

Македонската естрада се простува: Помагаше на секого, не можеше да не го сакаме сите

Не стивнуваат реакциите во јавноста по ненадејната смрт на бизнисменот Александар Маџаровски, еден од творците на македонската модна сцена, сопственикот на „Мак Џинс“.

Беше човек со идеи и амбиции, препознаваше квалитет и несебично им подаваше рака на младите пејачи кои своевремено сонуваа за големи кариери.

Логото на неговиот бренд остана овековечано на многу музички видеозаписи, меѓу кои и оние на сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.

Многу естрадни ѕвезди со неверување и шок се простуваат од омилениот скопски лик. Меѓу нив и познатиот автор и музичар Александар Ристовски-Принц.

„Викендов се чувме после повеќе од 20 години. Се изненадив. Нормално, нашол број и ми се јави, не ме барал по фејсови. Кога го видов бројот, знаев кој е, истиот од ’98. Се договоривме понеделнички да се видиме и да сработиме аранжман за песна на Малинова. Човек од збор си беше, ме зачуди што не се чувме. Аце, една од средишните фигури во модата и естрадата кога таа беше во подем. Помагаше на секого, нон стоп со идеји, амбиции и ентузијазам. Дружби, работа и многу зае*анција. Не можеше да не го сакаме сите“, напиша Принц.

На социјалните мрежи се огласи и менаџерот Милорад Цајиќ-Цајо.

„Последен поздрав до скопската легенда, сопственик на еден од најдобрите бутици во Скопје „Мак Џинс“, творец на македонскиот бренд на фармерки „Мак Џинс“. Човек кој во секое време знаеше да се постави како помагател, пријател, другар и родител. Почивај во мир Аце, скопска легендо и еден творците на македонската модна сцена“, напиша Цајо на „Фејсбук“.

Следни Објави

Овие два знака се тотална спротивност: Нивната врска е осудена на пропаст

Тотална спротивност Како што велат астролозите, некои знаци едноставно не се еден за друг, бидејќи нивната енергија тешко се совпаѓа и кога-тогаш ќе завршат неславно. Истражувањата покажаа дека Бикот и Водолијата се најлошата комбинација во целиот зодијак! Биковите се многу сигурни, љубители на се’ убаво и се материјалисти. Тие се […]