fbpx

РЕЦЕПТ: Јајца на око за еден поинаков Велигден

За овој Велигден ви предлагаме да подготвите едни поинакви јајца.

Ако сакате да имате оригинална декорација за претстојната велигденска трпеза, дефинитивно овој рецепт е наменет за вас.

Состојки:

  • Млечно или темно чоколадо
  • Бело чоколадо
  • Жолти чоколадни бонбони (бони топ или m&m’s)
  • Лажица

Зошто лажица?

Лажицата има облик на јајце и е одлична алтернатива за калапите во таква форма кои секако нема да можете да ги купите од најблискиот маркет. Можете да користите класични лажици (како на сликите), но и дрвени, пластични или силиконски.

Подготовка:

* Обложете обична тепсија со хартија за печење

* Растопете го млечното/темното чоколадо на пареа или во микробранова печка и оставете кратко да се излади за да не биде премногу течно

* Црпнете со лажицата во чоколадото, протресете убаво за да ја израмните површината. Ако ви се појавуваат меурчиња слободно потчукнете со лажицата на површината на која работите, за да исчезнат. Остатокот од чоколадото на долниот дел од лажицата провлечете го на работ на садот кадешто чоколадото го растопивте.

* Лажиците со чоколадо ставете ги потпрени на работ на тепсијата за да бидат во рамна положба за да може чоколадото рамномерно да стврдне, односно да не се излие. 

* Ставете ги во фрижидер.

* Растопете го белото чоколадо и исто така оставете го кратко да се излади за да не биде течно. Со малку погусто чоколадо можете поубаво да го задржите посакуваниот облик.

* Со мала лажичка земете малку од растопеното бело чоколадо и излијте помал круг врз веќе стврднатата млечна/темна чоколада. Потоа со малата лажичка убаво обликувајте го белото чоколадо во форма на јајце на око. Ова чоколадо секако ќе ви се разлее, па секако немојте да ја носите формата до самиот раб на лажицата. Не треба да бидете прецизни, сепак е тоа само јајце на око!

* На растопеното бело чоколадо ставете по една жолта бонбона.

* Готовите јајца ставете ги во фрижидер за убаво да се прицврстат.

Уживајте во вашите поинакви велигденски јајца!

Следни Објави

Срамено! Болничар фатен на камера, ова не може да му се прости (ВИДЕО)

Во полиција прво тврдел дека не му била таа намерата, но на крајот морал да признае Надзорна камера го сними болничарот Марк Титли (58) од Велика Британија како се обидува да украде пари од 94-годишна жена која колабирала и починала непосредно пред немилиот настан. Титли веднаш посегна по готовината, а […]