fbpx

Кај луѓето кои прележаа корона забележано е ова пореметување: Докторка открива на што масовно се жалат и кои се првите симптоми

Последното истражување на здравствените установи во Србија покажа дека секој петти граѓанин кој прележал корона вирус има некакво ментално нарушување.

Д-р Снежана Алќаз, невропсихијатар, вели дека луѓето најмногу се жалат на проблеми со концентрацијата откако биле хоспитализирани поради Ковид-19.

„Моето искуство вели дека проблемите од ментална природа биле минливи. Неколку месеци по прележан Ковид, луѓето се жалат на проблеми со концентрацијата на тромавост. Но, повеќето пациенти по шест месеци се враќаат на првобитното ниво пред болеста. Освен кога се во прашање постарите луѓе, оние над 65 години, кај нив има значителни промени“, нагласува д-р Алќаз.

Таа истакнува дека болестите како депресијата и анксиозноста не се тесно поврзани со короната, туку последица на долготрајниот стрес.

„Ова можеби е резултат на долгорочен стрес, не ни се случи само короната. Истражувањата покажуваат дека дошло до нагло влошување на менталните проблеми на почетокот на Ковидот. Но, после тоа дојде до нормализирање на менталното здравје. Депресијата и анксиозноста не се во пораст, психички сме поиздржливи отколку што мислиме“, вели докторката за ТВ Прва.

Д-р Алќаз открива и како да препознаеме дали ни е потребна стручна помош.

„Ако видиме дека страдаме, дека степенот на нашето ментално страдање е голем, дека го губиме трпението, дека не уживаме во работите во кои некогаш уживавме, дека не опседнуваат мисли за вина, тага, безнадежност, дека не можеме да функционираме во текот на денот, дека не можеме да спиеме ноќе.. Сето тоа се симптоми кои ни кажуваат да одиме на лекар, тој дополнително ќе процени каква помош ни е потребна“, вели таа.

Следни Објави

Овие три функции на рачките од вратите не ги знаат 90 отсто од возачите (ВИДЕО)

Рачката на вратата е првиот контакт со автомобилот и е неопходно е да се употреби за да влезете во истиот. Сепак, еден експерт откри дека таа содржи и три важни функции кои можат значително да ви го олеснат возењето. Во видеото објавено на страницата Car hacks на „Инстаграм“, автомобилскиот консултант […]