fbpx

Вапцани јајца на пареа: Бидете оригинални за Велигден

За преубави шарени јајца на вашата велигденска трпеза, пробајте ја оваа необична техника.

Од 10 до 15 јајца се сосема доволно да ја покажете вашата креативност и да бидете оригинални за претстојниот празник.

Потребно ви е:

– 10 до 15 јајца

– боја во кесичка (по две од секоја) – црвена, сина, зелена и виолетова

– алкохолен оцет (една чаша)

– Лимена цедалка со дупчиња

Подготовка:

Јајцата варете ги околу 4 минути и оставете ги да се оладат.

Во подлабок сад со вода ставете ја цедалката. Внимавајте, водата не смее да допира во цедалката.

Наредете ги јајцата, па попрскајте ги со оцетот. Ставете на шпоретот тенџере за водата полека да се загрева и на секоје јајце протресете малку зелена, па сина, па црвена боја… Ако јајцата почнат да се сушат, попрскајте ги уште малку со оцетот. Затворете го капакот и оставете 10 до 15 минути пареата да ги прошара јајцата.

На крај, измијте ги од остатокот боја, па премачкајте ги со масло да добијат убав сјај.

Следни Објави

Маж додека водел љубов ја повикал мајка си: Нејзината реакција предизвика остри коментари

Млада брачна двојка страсно водела љубов, не обрнувајќи внимание на фактот дека во нивна близина им се мобилните телефони. Во целиот тој занес, момчето случајно сеј јавил на мајка си, без воопшто да забележа каква глупост направил. Тој на „Редит“ истакна дека ова е една од најсмешните, но и најнепријатните […]