fbpx

На 70 има тело какво што немала на 20: Ова го јаде секој ден, а има и две ужинки

Таа е најстарата фитнес инструкторка. Има 73 години и тело на кое можат да ѝ позавидат далеку помлади жени и девојки. За оваа неверојатна трансформација заслужна е само една работа

Кога наполнила 70 години, Џун Мекдоналдс имала речиси 100 килограми и проблеми со крвниот притисок и холестеролот. Тој ден одлучила дека е крајно време нешто да преземе.

Нејзината ќерка веќе држела часови по фитнес, па ја убедила да смисли соодветен тренинг и за нејзината мајка. Оттогаш, работи со полна пареа и не пропушта ниту еден час. Вели дека се гордее со себе и сега сето знаење што го собрала сака да го сподели со нејзините пријатели на социјалните мрежи.

– Ако една баба на 70 години успеа, тогаш може да успее секој! – порачува таа.

Г-ѓа Мекдоналдс цел живот се борела со вишок килограми, но нејзините животни навики што ги стекнала со годините морала да ги промени во само еден ден. Денес има 73 и изгледа подобро од било кога.

– Се чувствувам како различна жена – искрена е Џун.

Две недели ѝ биле потребни да го совлада материјалот од ќерка ѝ за здравиот начин на живот за потоа успешно да ги примени нејзините совети. Во првите шест месеци ослабела 20 килограми, а во наредните изгубила уште 15.

Теретана посетувала 5 пати неделно, а тренингот се содржел од 15 минутни кардио вежби и исто толку вежби за обликување на телото.

Комплетно ја сменила исханата, како и нејзиниот однос спрема истата. Наместо 3 големи оброци на кои била навикната, почнала да јаде 5 пати дневно, но во помали количини. Менито сега ѝ се базира на житарки од цело зрно, месо без многу маснотии и многу зеленчук. Основна група на намирници ѝ се протеините. Благодарение на нив, изградила и мускули и брзо ги согорела сите масни наслаги.

Вака изгледа нејзиното дневно МЕНИ:

Доручек: Овесна каша или омлет од 2 цели јајца и 3 белки, малку немасно сирење и зеленчук.

Ручек: Месо со малку маснотии, многу зеленчук и интегрален леб.

Вечера: Риба и зеленчук или интегрален леб со чаша јогурт.

Во текот на денот има и две ужини кои се состојат од едно овошје или шака јаткасти плодови или сладолед без шеќер.

Повремено знае да се почасти и со некој колач. Ги слуша потребите на своето тело и се раководи спрема нив. Вели дека најважно е да се исфрли масната храна и прекумерната употреба на шеќер. Тоа се главните правила според кои треба да се водите. Со дополнителна физичка активност, резултатите се подразбираат.

Џун нагласува дека без тренинг не е возможно да го обликувате телото.

– Правилната исхрана се подразбира, но тренингот и тоа а како е важен. Со изгубените килограми си заминаа и болестите. Ги исфрлив лековите, веќе немам проблеми со артритисот, болеста на бубрезите ја држам под контрола. Имам повеќе енергија и самодоверба. Да стигнете до целта е лесно кога ќе донесете одлука. Планот за исхрана не е тежок. Јас никогаш не сум гладна. Најтешко ми беше да тргнам по овој пат, а верувам дека истово ги мачи многу жени. Само помислете колку подобро ќе се чувствувате и изгледате. Ете  јас сум пример дека сѐ е можно – завршува Мекдоналдс.

Следни Објави

Најубавите трпези за Велигден: Еве како да ја декорирате масата

Покрај украсувањето јајца, многу е важно како секоја домаќинка ќе ја декорира велигденската трпеза, за комплетно да уживаме во денот кога го славиме воскреснувањето на Исус Христос. Пред да одлучите како ќе ја подготвите софрата, треба да знаете и во каква боја годинава ќе ги фарбате јајцата. Во секој случај, […]