fbpx

Жените мора да го фрлат ОВА од домот: Најважните обичаи за Велики петок

Велики петок или Распет петок, зашто на овој ден е распнат Исус Христос, се смета за најтежок празник во годината. Не се работи, дури и не се готви храна. Како на строг пост, овој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои од нив јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус.

На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

Со Велигден се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пример, утрото пред да се оди во црквата не смее ниту да се пуши, ниту да се пие кафе. Во некои места кога домаќинот одел во црквата носел и семе од свилена буба за подоцна бубите да не можат да бидат урочени. И кога утрото се истерува стоката на пасење се допира со црвено јајце за здравје.

Исто така, домот треба да се зачисти со метла, а потоа истата да се фрли, бидејќи според преданијата со неа си заминува и злото од куќата.

Во Радовишко Велики Петок според записите на Зорка Делиниколова го сметаат за еден од најтешките петоци преку годината, ден кога според религијата Исус Хрисос бил распнат на крст. Затоа жените избегнуваат секаква работа. Тој ден дури не се готви ништо друго освен бел боп заради тоа што околу него не треба да се работи многу. Се верува дека истиот ден не треба ни да се јаде, а камоли да се готват било какви јадења. Многу стари жени тој ден не јадат ништо освен нафората што ја земаат во црква. Уште изутрина рано се оди на црква со китки и дарови за Христа. Дарови носи секоја жена што се таксала, а тоа може да биде платнена кошула, чорапи, крпа за лице, коприна или памучна преѓа. Даровите ги остават на „распјатието Христово“ и цвеќињата на плаштеникот-оплакувањето Христово. Постарите жени остануваат во црквата преку целиот ден, а помладите жени со деца доаѓаат поручекот за да се спровираат под плаштеникот за здравје. Секој што доаѓа со себе носи цвеќе го остава своето и зема друго цвеќе. Тоа цвеќе го чуваат во ковчег за здравје. Вечерта се збира многу народ во црквата за отпевањето на Христа по кое сите го обиколуваат градот и на раскрсницата пред „Николовата фурна“ (денес не постои) луѓето се спровираат под плаштеникот за здравје. Потоа пак се враќаат во црквата, а ако некој се таксал поради болест, останува преку цела ноќ во црквата за да преспие под Распјатието Христово за здравје.

Следни Објави

Доби дете, експресно се разведе, а сега пак ќе стане татко: Македонскиот пејач не ја крие среќата (ФОТО)

Македонецот кој победи во регионалните музички шоуа „Икс фактор“ и „Твоето лице звучи познато“ повторно ќе стане татко Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски денеска пријатно ги изненади фановите откако објави фотографија на „Инстаграм“ со својата бремена сопруга. „Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име. Чекајќи го нашето малечко“, […]