fbpx

Многу од нас грешат на Велика сабота! Еве што навистина треба да правиме на овој ден!

Има една лоша пракса за Велигденските празници, односно малку се создава една лажна слика дека има огромно присуство на верници во саботата вечерта на Велигден.

Малкумина знаат дека празнувањето на Велигден всушност започнува после 12 часот. После кружењето околу црквата и читањето на Евангелието воскресно и почнуваме да пееме „Христос воскресна“ и тогаш почнува славењето на празникот, но практика е многумина да си одат од црквата токму во тој момент.

Значи голем грев правиме кога доаѓаме на празнувањето на Велигден пред црквата, и кога свештеникот не повикува да влеземе во храмот, ние заминуваме по кафеани, кафичи, да се продолжи славењто на пагански начин.

Со тоа предизвикуваме уште поголем гнев Божји, со тоа се оддалечуваме од Бога, и само лажно прикажуваме дека всушност ние сме ногу побожни.

…На Велика Сабота, кај нартодот позната како Долга Сабота, мора многу да се работи?

Toa e суеверен обичај, секако потикнат од лукавиот, и многумина го практиуваат, и тогаш мислат дека сите мора да излезат да работа, и тие што преку годината помалку работат, на тој ден работат највеќе, излегуваат во поле или слично.

Тоа е многу погрешно, работењето на Велика сабота е најголем грев во однос на прекршувањето на деновите кога треба да празнуваме.

Велика сабота е тежок ден во годината, ден кога Христос е во гробот.

Честопати кажуваме, кога имате некој упокоен дома, дали некој работи или врши некакви активности? Сите тогаш се натажени, го оплакуваат и се подготвуваат за погребение.

Затоа не треба на тој ден да се превземаат некои работи или активности, бидејки ја навредуваат Христовата голготска жртва.

* Од фејсбук-страната Богоподобие, eмисијата-Православна ризница-Света Причест, простување, молитва (гостин архимандрит Дамаскин Лесновски)

Следни Објави

Неочекуван пресврт: Нови шокантни сознанија за смртта на Јулија

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на талентираната 18-годишна италијанска одбојкарка Јулија Итума која почина во Истанбул каде нејзиниот тим Новара го играше реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Езачибаши. Младата одбојкара падна од прозорецот на хотелска соба, а причините кои довеле до трагичниот настан се’ уште […]