fbpx

Познатиот неврохирург советува: Само вака можете правилно да го одморите мозокот!

Мозокот никогаш не спие, но постои начин да го одморите и стимулирате. На мозокот му се потребни позитивни третмани, порачува романскиот неврохирург Влад Циуреа.

Тој објаснува на кој начин да го стимулирате и да го опуштите мозокот.

– Често можам да им прочитам од лицата на моите пациенти дека страдаат. И тоа е нормално. Неврохируршките интервенции ги плашат повеќе од самиот проблем кој го имаат. Мозокот не е орган кој можеме да го контролираме. Можеби не знаете, но и на мозокот му се потребни одмор и внимание – тврди тој.

Д-р Циуреа вели дека за време на одмор или за празници, во искушение сме да си дозволиме себе си повеќе работи. Повеќе јадеме и пиеме, седиме пред компјутер до доцна во ноќта, пушиме премногу.. Препорачува во ниту еден случај да не спиеме со мобилниот телефон во близина.

– Секое утро прво треба да погледнете во небото или едноставно да уживате во погледот низ прозорецот за да ги стимулирате вашите визуелни центри. Треба да слушате музика која ви го подобрува расположението и да испиете чаша вода веднаш штом се разбудите. Јадете умерено, бидејќи желудникот најмногу го преоптеретува мозокот. Препорачливо е и консумирање на црно вино, бидејќи помага при чистењето на капиларните вени во мозокот. Секако, не смеете да претерувате, алкохолот ги напаѓа нервните ќелии – вели тој.

Советува и помалку да се гледа телевизија и открива дека мозокот најдобро се одмара со тишина.

– Научете да се радувате. Тоа е вистинската храна за мозокот – завршува тој.

Следни Објави

Прва исповед за ракот: Тони Михајловски отворено за сопругата, еве како се излекувала

На Александра Јорева Михајловска, сопругата на познатиот актер Тони Михајловски, пред три години ѝ беше дијагностициран редок канцер на матка. Таа во неколку наврати на социјалните мрежи отворено зборуваше за сериозната болест со која се соочила, а сега на оваа сензитивна тема конечно проговори и нејзиниот славен животен партнер. „Тоа […]