fbpx

(ВИДЕО) Анестезиолог на Гинекологија покажува пациентки во сала

Ново скандалозно видео снимено во македонска болница осамна на социјалните мрежи.

Овојпат „јунакот“ е анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница.

Во живо на „Тик Ток“ снимал пациентки во една од салите, а ТВ21 го верификуваше видеото. Лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременоста.

Случајот не бил пријавен во полиција, но директорот на одделението откако дознал за случајот се упатил во Секторот за внатрешни работи за да го пријави.

Врз основа на законот за здравствена заштита, пациентите имаат право на заштита на приватноста, а во овој случај тие се грубо прекршени.

Следни Објави

Многу од нас грешат на Велика сабота! Еве што навистина треба да правиме на овој ден!

Има една лоша пракса за Велигденските празници, односно малку се создава една лажна слика дека има огромно присуство на верници во саботата вечерта на Велигден. Малкумина знаат дека празнувањето на Велигден всушност започнува после 12 часот. После кружењето околу црквата и читањето на Евангелието воскресно и почнуваме да пееме „Христос […]