fbpx

Најмоќните зборови: Со овие пораки честитајте Велигден!

* Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

* Да го празнуваме животот денес. Да го воскреснеме Исус во нашите срца. Да ги отвориме душите за љубов и радост!

* Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир, нека Христос ти даде снага злото да не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава – Денес е почеток на нов живот! Денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе!

*Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше, па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!!

*Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца, а неговата бесконечна љубов го благослови вашиот живот и вашиот дом! Христос Воскресна!

*Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите! Нека ни е за многу години празникот Христијани! Христос Bоскресе!

* Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.

Честит Велигден!

Следни Објави

Христос воскресе, навистина воскресе! За многу години, Македонци!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургиии. Овој празник е спој на верата […]