fbpx

Неочекуван пресврт: Нови шокантни сознанија за смртта на Јулија

Не стивнуваат реакциите во јавноста по смртта на талентираната 18-годишна италијанска одбојкарка Јулија Итума која почина во Истанбул каде нејзиниот тим Новара го играше реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Езачибаши.

Младата одбојкара падна од прозорецот на хотелска соба, а причините кои довеле до трагичниот настан се’ уште не се познати. Телото е предадено на Институтот за сиудска медицина, каде е направена обдукција, а резултатите ќе бидат познати за неколку дена.

Смртта на младата одбојкарка и понатаму е мистерија, иако повеќе турски медиуми пренесоа дека се самоубила.

Нејзиното тело е пронајдено во 5:30 наутро пред хотелот, а вчера на социјалните мрежи осамна и снимка од надзорните камери во хотелот кои сведочат за последните моменти на Јулија.

Како што може да се види на видеото, непосредно пред да се случи несреќата, девојката се движи низ ходникот пред хотелската соба, потоа седнува и изгледа како да плаче, а на крај влегува во собата која се наоѓа на шестиот кат.

Во меѓувреме се појави информација дека Јулија во WhatsApp групата на одбојкарскиот клуб Новара испратила порака на која пишувало „Збогум“, како и дека последниот телефонски разговор го имала со млад човек за кој тврдат дека е нејзин школски другар и чиј идентитет се крие од јавноста.

Специјализираните одбојкарски веб-страници од Италија ги демантираа овие тврдења на турските колеги.

Следни Објави

Огромна тага! Гледачите се простуваат, почина омилената водителка

Трагедија! Имаше само 42 години, беше извонредна мајка и сопруга Поранешна водителка на вести од Илиноис ненадејно починала додека била на одмор со своето семејство. Како што пренесува „Јаху њуз“, на Лесли Свик Ван Нес (42) ѝ се слошило и била пренесена во болница на шести април. Четири дена подоцна […]