fbpx

Естрадата во шок: Ќе го паметиме како сакан сопруг и татко, загубивме голем пријател

Марк Шихан, гитаристот на познатата ирска рок група The Script, почина на 46-годишна возраст.

Членовите на бендот објавија дека Марк починал во петокот, информирајќи ги фановите дека го загубил животот во болница по кратко боледување.

Официјалната причина за смртта не е објавена. Колегите ќе го паметат како „многу сакан сопруг, татко, брат и пријател“.

Заедно со семејството побараа од фановите во име на бендот и семејствата разбирање во овој тежок период, како и почитување на нивната приватност.

Кога The Script минатата година замина турнеја низ САД, Марк не настапи со бендот. Во тоа време пејачот Дени О’Донохју за Sunday World изјави дека Марк поминува време со своето семејство.

Марк е еден од основачите на The Script во Даблин во 2001 година, заедно со Дени и тапанарот Глен Пауер. Првиот албум на групата стигна до првото место во Велика Британија и Ирска.

Следни Објави

Ова е најреалната слика на Исус Христос: Ќе останете без текст, досега вака не го замислувавме

Исус Христос е најексплоатираната личност во уметноста на христијанскиот свет! Бледо, тесно и буцкасто лице со брада и крупни очи, главно сини, врамени со долга и брановидна кафена коса и наметка со долги ракави-тоа е сликата што луѓето ја замислуваат кога ќе помислат на Божјиот син. Всушност, оваа позната слика […]