fbpx

Велигденски понеделник: Жени, ова мора да го направите!

Православните верници и црквата денеска го слават Велигденски понеделник-ден по Христовото станување од гробот. Велигденскиот понеделник според византискиот обред е првиот ден на Светлата недела-седмицата по Велигден.

Богослужбите на овој ден се исти како за Велигден. Во поголемиот дел од овие краишта велигденските празници се слават три дена. На велигденскиот понеделник продолжуваат гозбите и веселбата на кои се пречекуваат роднините, кумовите, соседите и пријателите. Тоа е време кога се собираат роснините од подалечните краишта. Во повеќе места се организираат литии.

Во Србија, во селата на Војводина се задржал еден обичај-поливање на девојките со вода. Имено, сите млади момчиња со фијакери  кочии ги посетувале девојките во селото и со себе носеле тамбураши или самите свиреле но носеле и кантичка или сад со воа со кој ја полевале девојката. Симболично, полевањето со вода претставува миење на претходните гревови на девојката, а тоа исто така потсетува и на тоа како Исус им ги миел нозете на апостолите.

Се сметало дека колку повеќе ја полее некое момче девојката значи дека поголема е шансата дека ќе ја запроси таа година. После тоа девојката ги служела со обоени јајца, колачи и вино, а понекогаш и ќе заиграла со нив во орото.

Девојки, ако денеска видите дека вашиот избраник носи вода, дозволете да ве испрска-тоа секако е добар знак. Ова е ден за радост и веселба, затоа нека биде тоа единствено правило кое треба да го почитувате денеска-радувајте се, смејте се и поминете го денот со оние што ги сакате. Велигден се уште трае.

Следни Објави

Сите го имаме спрејот WD-40: Еве за што сè може да се користи, ќе се изненадите што означува кратенката

Спрејот WD-40 првпат се појавил во 1953 година, а се користел за заштита на надворешната обвивка на американскиот проектил Атлас од рѓосување. Создаден е од хемичарот Норм Ларсен, во мала лабораторија во Калифорнија. Целосно бил пуштен во употреба во 1958 година, а сега е достапен во 187 земји низ светот. […]