fbpx

Сите го имаме спрејот WD-40: Еве за што сè може да се користи, ќе се изненадите што означува кратенката

Спрејот WD-40 првпат се појавил во 1953 година, а се користел за заштита на надворешната обвивка на американскиот проектил Атлас од рѓосување. Создаден е од хемичарот Норм Ларсен, во мала лабораторија во Калифорнија. Целосно бил пуштен во употреба во 1958 година, а сега е достапен во 187 земји низ светот.

Меѓутоа, луѓето неодамна почнаа да размислуваат за тоа што всушност значи кратенката. Тоа се случи откако американскиот новинар Дејвид Муир ги праша своите следбеници: „Што значи WD-40?

Ознаката WD-40 е кратенка за „Water Displacement“, односно отстранувач на вода, а бројот 40 покажува дека биле потребни толку обиди за да се добие вистинската формула, пишува „Дејли стар“.

Еве за што се’ друго може WD-40 да ви послужи!

1. Полирање на сребро

Ако имате колекција од сребро која со текот на годините ви потемнила, WD-40 дефинитивно може да помогне. Испрскајте ги сребрените предмети и потоа избришете ги. На овој начин ќе им го вратите сјајот и повторно ќе изгледаат како нови.

2. Чистење чевли

Кога станува збор за чевли, WD-40 е нивниот најдобар пријател. Во зима, можете да ги отстраните тврдокорните дамки од камена сол што се наталожуваат на вашите чевли со прскање и бришење.

3. Чистење на тоалетот

Во зависност од видот на водата во вашата куќа, чистењето на тоалетот може да биде бесмислена задача. Ако го користите WD-40 на ист начин како и обично средство за чистење тоалет, ќе забележите дека чисти брзо и останува дезинфицирано подолго.

4. Дамки на килимот

Отстранувањето на дамки, како мастило или масло, кармин, од вашиот килим може да биде ноќна мора. Испрскајте ја дамката со спреј WD-40, почекајте неколку минути, а потоа нежно исчистете ја со сунѓер и топла вода со сапуница.

5. Отстранување на траги од боички

Имате деца кои сакаат да пишуваат на ѕидот и да чкртаат по мебелот? Не грижете се, со WD-40 лесно се отстрануваат.

6. Одмрзнување

Испрскајте ги прозорците со WD-40 и потоа избришете го вишокот. Верувале или не, ова ќе спречи да се формира мраз на вашите прозорци, со што ќе заштедите време наутро кога треба да заминете на работа.

7. Отстранување на налепници и цени

Ако некогаш сте се обиделе да извадите налепница од прозорец или налепница на вашиот автомобил, знаете каква мака е тоа. Со спрејот WD-4O, едноставно испрскајте ја налепницата и нежно излупете ја.

8. Отстранување на прстенот

Ако редовно носите прстен, веројатно знаете какво е чувството кога ќе ви се залепи на прстот. Не паничете! Најлесен начин да го отстраните е да го испрскате прстот со спреј WD-40.

9. Отстранување на мастика

Ако случајно сте наседнале мастика за џвакање и не можете да ја симнете од панталоните, едноставно испрскајте го тоа место со WD-40.

10. Освежете го избледениот пластичен мебел

Ако вашиот пластичен мебел е избледнат и сакате да му го вратите сјајот, испрскајте WD-40 директно на површината и избришете го со сува крпа. Почекајте малку и мебелот повторно ќе блесне.

Следни Објави

Едвај собра сили: Почина, за жал тоа навистина се случи

Пејачот Дејан Матиќ, иако важи за еден од најдобрите вокали на естрадата, една песна никогаш не успеа да ја отпее во живо. Станува збор за рефрен кој секогаш му предизвикува преголема тага за да може да го изведе. Хитот „Аманет“ му го посвети на близок пријател и соработник кој почина. […]