fbpx

Златно дете! Македонија тагува! Ова е Мирко (31) кој загина во сообраќајка

Возач починал откако вчера во 13:55 часот со возило излетал од коловозот на локалниот пат меѓу селата Елевци и Евла во Центар Жупа.

Во несреќата, како што информира МВР, загинал М.М.(31) од струшкото село Враништа, кој управувал патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки.

„Возилото излетало надвор од коловозот, а возачот починал на местото на несреќата. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош“, соопшти МВР.

Блиски роднини и пријатели на социјалните мрежи се простиуваат од загинатото момче. Од Мирко се простија и од ФК Македонија Враништа.

„Почивај во мир златно дете! Никогаш нема да бидеш заборавен! Фк Македонија секогаш се сеќава на нашите борци, а ти секогаш беше еден од нив како на терен така и на трибина“, напишаа од клубот.

Нека почива во мир!

Следни Објави

Свет вторник: Утрешниот ден носи голема среќа ако го направите ОВА!

Во некои краеви, денешниот ден е познат и како Свет вторник, а зад него се кријат многу обичаи и верувања. За време на Водената седмица, односно првата недела по Велигден, се и Водениот вторник и Водената сабота. Според народните верувања, вторниците важат како баксузни денови, но не и овој. Овој […]