fbpx

Прерано и подмолно ни те зема таа проклета болест: Почина Зоран, пријателите во шок

Тажна вест

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев сподели тажна вест на социјалните мрежи. Тој со емотивна посвета се прости од Зоран Димовски, истакнат активист од Шарената револуција.

„Прерано и подмолно ни те зема таа проклета болест, другар Зоране. Изгубив другар од времето на Шарената револуција кој остана мој другар сите овие години, а сите заедно изгубивме соборец за Слобода и Демократија. Зоране, твојата верба, искреноста и посветеноста кон заедничката кауза ќе ја пренесуваме и шириме секој ден, сеќавајќи се на другарството со тебе. Ти си човек за кој е резервирано посебно место на македонскиот демократски пиедестал. Почивај во мир“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Пријателите на Димовски со шок и неверување ја примија веста за неговата смрт.

„Голем борец за правда, но оваа борба не успеа да ја добиеш. Почивај во мир, драг пријателе“, е само една од многуте трогателни посвети.

Следни Објави

Светот во шок! Познатата актерка застрелана во Атланта, имаше само 35 години

На 35-годишна возраст почина познатата актерка Рашида Вилијамс. Трансродовата ѕвезда позната како „Коко Да Дол“ е застрелана во Атланта, јавува „Метро“. „По пристигнувањето на местото на несреќата, полицијата пронајде мртво женско лице со очигледна прострелна рана. Не покажуваше знаци на живот и веднаш беше прогласена за мртва“, изјави за медиумите […]