fbpx

Ја качија на интензивна мртва само за да.. Ново потресно сведоштво на таткото на Јана

Родителите на Јана сега се уште поуверени дека лекарска грешка е причината за смртта

Стојче Христовски, таткото на петгодишната Јана која почина во битолската болница откако прими инфузија, со ново потресно сведоштво уште еднаш нагласува дека семејството е уште поуверено дека лекарска грешка е причината за смртта.

Вели дека од шокот не забележале дека лекарите уште веднаш почнале да ги токмат документите за да се заштитат.

„Ние бевме во шок и се надевавме дека нешто ќе се случи, но еве сега кога размислуваме, јасно ни е дека ја качија на интензивна нега мртва. И самите видовме дека отиде, пред нас се случи, пред нас ја реанимираа, а таа не даваше знаци на живот. И нив им беше јасно, но за да ја стокмат документацијата ја качија на интензивна. Да не стои дека починала на детско. Ни кажаа дека починала речиси три часа подоцна. Немаа ниту историја отворено. Ме натераа да отворам кога ја реанимираа. И за обдукцијата прво ни рекоа дека ќе завршат за два часа и ќе ни го дадат телот, но ја направија дури следниот ден. Од оваа временска дистанца гледаме дека во целиот случај има многу матни работи“, раскажува Христовски за „Макфакс“.

Јана почина на Детското одделение во битолската болница каде била донесена со симптоми на настинка и повраќање. Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека немало грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето.

Следни Објави

Ова е ѕверски убиената Гордана: Саше ја масакрирал среде вечера кај пријател

Саше И. (46) од Лесковац е уапсен под сомнение дека синоќа брутално ја убил својата емотивна партнерка Гордана Д. (56). Имено, злосторството се случило синоќа околу 21 часот во близина на Лесковац, во куќата во која жртвата и осомничениот му помагале на сопственикот кој е тешко болен. Осомничениот Саше И. […]