fbpx

Ова е ѕверски убиената Гордана: Саше ја масакрирал среде вечера кај пријател

Саше И. (46) од Лесковац е уапсен под сомнение дека синоќа брутално ја убил својата емотивна партнерка Гордана Д. (56).

Имено, злосторството се случило синоќа околу 21 часот во близина на Лесковац, во куќата во која жртвата и осомничениот му помагале на сопственикот кој е тешко болен.

Осомничениот Саше И. по жестока расправија со убиената зел кујнски нож и ѕверски повеќепати ја избодел по целото тело. По злосторството повикал полиција и сам се пријавил, а несреќната жена им подлегнала на повредите.

„Слушнавме дека цел ден се расправале, а Саше си беше по чашката и кога ќе се поднапиеше се претвараше во злосторник. Како да добиваше некоја моќ и веднаш правеше хаос, а неговата Гордана му беше секогаш прва на тапет“, раскажува познајник на осомничениот.

Соседите сведочат дека Саше последен пат го виделе вчера и дека веднаш забележале оти нешто не е во ред со него. Велат дека едвај се движел, делувал дезориентирано и дека најверојатно бил пијан или дрогиран.

Тие велат дека со партнерката често се расправале и дека подобро ќе било да раскинале.

„Саше беше проблематичен, пиеше и не ѝ дозволуваше на Гордана да диши. Таа беше добра, повлечена жена и како да не можеше да побегне од него“, велат тие.

Кога сопственикот на куќата влегол во собата каде што се случило злосторството, за малку ќе се онесвестел од грозоморната сцена. Гордана била стуткана во локва крв, а тој лежел до неа.

Следни Објави

По разделбата со Илина, ја покажа Изабела: Џамбазов повторно љуби

По разделбата со нашата врвна алпинистка Илина Арсова, Игор Џамбазов максимално ѝ се посвети на работата. Легендарниот актер и шоумен призна дека разидувањето едноставно морало да се случи, а дека за тоа биле свесни и двајцата. „На третиот ден од нашата врска таа ми кажа дека тоа ѝ е последната […]