fbpx

Нова неизвесност за „Ѕвездите на Гранд“: Цеца го напушти студиото, гледачите во шок

Општ хаос, жирито се испокара

Анастасија Околишан Киселица и Семир Џанковиќ синоќа настапија како петти дуел во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранда“ што кај нас сега се емитува на телевизија Сител.

Но, во жирито настана општ хаос, кога Светлана Цеца Ражнтовиќ изреагира дека некои не гласале и дека ги гледаат само маните на натпреварувачите, без воопшто да им го вреднуваат трудот.

Цеца беше погодена од ова гласање, па откако се скара со Босанац кој го судеше овој дуел, го напушти студиото.

„Мислам дека не е фер да се гласа вака, но секој има свое право и јас тоа го почитувам. Првиот кандидат, втората песна немаше врска, првата беше одлична. Вториот кандидат, првата песна беше многу добра, дури и одлична, втората не беше добра, дури и излезе од интонација и цело време така пееше“, рече Босанац.

И Снежана Ѓуришиќ се согласи со неговото излагање, но додаде дека натпреварувачите не треба да бидат казнети за грешките што ги имале.

Босанац тврдеше дека не биле казнети, туку дека само ги оценувале како пееле вечерва.

„Како па да не, последната шесторка беше беспрекорна. Ајде, соберете се! Велиш дека песната била фантастична, па награди го за таа песна, зошто веднаш им ги отсекувате рацете и нозете. Грешиш и нема да учествувам повеќе во тоа, не е во ред. Соберете се! Не ти реков тебе Снежана, ти гласаше, зборувам за тие што не гласаа“, порача Цеца алудирајќи на Босанац.

Вики веднаш застана на страната на Цеца.

„Сето тоа го знам и со години имам таква мака овде. И како што се наближува финалето, кандидатите од коалицијата ќе поминуваат. Не станувам крволочна, но жал ми е за децата, што сега Семир не помина“, налутено се обрати Вики, а потоа се вмеша и Марија Шерифовиќ.

„Анастасија, првата песна е одлична, тоа е многу редок пример на песна каде што нема викање и врескање, а која може да биде добра. Втората песна, не знам кој ти рекол да пееш на статив, таму треба да играш, да ти испаднат колковите. Семир, ти секогаш пееш вака и мене ми е тоа океј. Мојата забелешка е што малку завлекуваш кафански и тоа може да се слушне, но мислам дека си еден од најдобрите натпреварувачи кај Цеца“, порача Марија.

Ана Бекута на почетокот на своето излагање само изјави дека кога ги слушала коментарите на жирито било реално што и двајцата добиле по четири гласа. Цеца во тој момент збесна и го напушти студиото.

„Ох, Бекута, требаше да дадеш нула! Повлечете ги сите гласови што се однесува до мене, срам да ви е. Не сакам да го слушам ова, нема да се вратам, чао, пријатно, срамота“, извика Цеца и налутено ја напушти сцената.

Следни Објави

Селфи ги раздели засекогаш! Ова се Лазар и Стефан, нови сознанија за трагедијата

Наместо убав спомен на фотографија-смрт! „Беа пријатели од рано детство, први соседи. Тоа што се случи е страшно“, вели братучед на Стефан Љ., момчето кое се повреди при пад од познатата Петроварадинска тврдина во Нови Сад. Како што дознава „Блиц“, тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен. Неговиот […]