fbpx

Прв ѝ подаде рака, а таа брутално искрена! Се огласи Карлеуша по смртта на Саша

За ова досега молчеше

Информацијата за прераната смрт на познатиот моден дизајнер и стилист Саша Видиќ (52) ја шокира српската естрада. Меѓу првите ѕвезди кои проговорија за односот со контроверзниот уметник е Јелена Карлеуша.

„Длабоко ме потресе оваа вест. Не знам што се случува, многу млади ни заминаа.. Сè уште немам информации за причината за смртта, но и без тоа можам да кажам дека животот не го мазеше и беше премногу нефер кон уметник како него. Беше брилијантен, талентиран и посебен. Неговиот белег во модниот дизајн ќе остави трага засекогаш, бидејќи одбележа една цела ера на овие простори. Својата тага ја криеше со неверојатна смисла за хумор, имаше остар ум и висока интелигенција, неприлагодени на овој свет и систем. Го повреди неправдата, беше храбар, праведен и дрзок да го каже тоа што другите не смеат да го кажат“, вели Карлеуша за „Телеграф“.

Жали што, како и повеќето големи уметници, останал неразбран од опкружувањето.

„Саша е моден дизајнер кој прв ми подаде рака на почетокот на мојата кариера и ме покани да бидам заштитно лице на неговиот бренд „Броз“. За него ја направив и првата модна ревија. До денешниот трагичен ден бевме во добри односи, често комунициравме за сè што нè засега заедно. Моето најискрено сочувство до неговото семејство кое сигурно знае дека таквата енергија едноставно не умира. Саша денеска полета. Му посакувам мирен лет каде нема неправда, болка и тага“, завршува Карлеуша.

Според последните информации на српските медиуми, Саша Видиќ бил хоспитализиран во многу лоша состојба. Имал почетна фаза на сепса и едноставно му немало спас, јави „Пинк“.

Видиќ ги осмисли и ги дизајнира дресовите на српските спортисти на Олимпијадата во Лондон, а ги потпиша и дресовите на српската фудбалска репрезентација за Светското првенство во Русија. Беше основач на модниот бренд „Броз“.

Роден е 1971 година во Хрватска, едно време живееше во Бања Лука, за потоа да се пресели во Белград по избувнувањето на војната во Босна.

Соработуваше со Цеца, Сека Алексиќ и со Дара Бубамара, но со текот на времето овие музички ѕвезди од блиски соработнички му станаа главни непријателки кои често ги прозиваше во таблоидите.

Важеше за интригантна личност која немаше влакна на јазикот и отворено зборуваше на секоја тема. Во јавноста многу се полемизираше за неговата се*суална ориентација, а оваа тема беше една од ретките на која немаше коментар. Своевремено изјави дека не ги разбира луѓето кои се плашат од осаменост.

Следни Објави

Ново потресно сведоштво на мајката на починатото бебе во Битола: Ќе ве прогонува мојот Јован..

Во која нормална држава, со нормални услови и каде што партиите и „Ко је јачи у парама“ не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а се’ уште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А истото треба да е веднаш, кога си […]