fbpx

Потресни сцени: Сека Алексиќ на гробишта, со тажен говор ги расплака сите (ФОТО/ВИДЕО)

Пејачката Сека Алексиќ денеска беше единствената голема естрадна ѕвезда која се појави на Новите гробишта во Белград каде беше кремирано телото на популарниот моден дизајнер Саша Видиќ кој почина на 52-годишна возраст.

Таа имаше трогателен говор пред присутните кој ги расплака буквално сите.

„Драг наш Саша! Знам дека не гледаш одозгоре и немој премногу да не караш за нашите стилски грешки! Тоа е, знаеш дека често грешиме. Знаеме и дека не сакаш патетика и попрво би те искарале и би ти кажале дека сме лути и тажни што толку рано нè напушти. Беше единствен во сè. Кога пристигна во Белград однесен од виорот на војната, без буквално ништо, успеа со својата работа да изградиш успешна кариера и стана бренд. Твојата искреност често беше сурова, што е ретка појава овие денови“, го почна со кнедла во грлото својот говор познатата фолкерка.

„Секогаш знаеше точно што сакаш, затоа твојот талент беше чиста уметност со која создаваше магија. Секако, трудот се исплатеше и резултатите бргу стигнаа. Знам колку сите бевме горди на тебе кога работеше за најдобрите спортисти во нашата земја. И ти и они блескавте како медалите што ги имаа околу вратот. Ги разубави сите најголеми ѕвезди на естрадата на која и недостигаше веќе некое време.. А, дури допрва ќе фалиш, мил наш Саша.. Ќе останеш запаметен по твојата неодолива насмевка, по шармот што ти ги отвори сите врати. Твојата енергија е нешто што секогаш ќе нè турка напред“, продолжи Сека со својот говор.

„Не можеше секој да те разбере, но ти тоа не ни го сакаше! Дури кога си замина, драг наш, ни пријдоа сите оние што те сретнаа барем еднаш. Сите плачат, тажни се.. Патувајте со ангелите, ќе се сретнеме повторно!“, заврши Алексиќ.

Освен со Сека, Саша Видиќ низ годините соработуваше и со Цеца, Јелена Карлеуша и со Дара Бубамара, но со текот на времето овие музички ѕвезди од блиски соработнички му станаа главни непријателки кои често ги прозиваше во таблоидите.

Важеше за интригантна личност која немаше влакна на јазикот и отворено зборуваше на секоја тема. Во јавноста многу се полемизираше за неговата се*суална ориентација, а оваа тема беше една од ретките на која немаше коментар. Своевремено изјави дека не ги разбира луѓето кои се плашат од осаменост

Следни Објави

Денеска е голем празник: Направете го ОВА и желбата ќе ви се исполни

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април. На овој ден се слават Светите маченички Агапија, Хиона и Ирина. Нивните имиња на грчки значат Љубов, Снег и Мир. Тие биле три сестри кои живееле во околината на Аквилеја, а пострадаа во 304 година. Во тоа време, императорот Диоклецијан […]