fbpx

Прва исповед на Тоше Зафиров за синот со оштетен вид: Јас сум горд, Блаже е голем борец

Еден од најпознатите македонски бодибилдери, Тоше Зафиров, првпат јавно проговори за синот Блаже кој има 99 отсто слепило.

Тој во заедничкиот подкаст на Стефан Лазаров и Зоки Фаци си ја отвори душата, објаснувајќи дека долго време одбивал да зборува на оваа тема затоа што не сакал луѓето да го сожалуваат ниту него, ниту неговото 21-годишно дете.

„Иако е со 99 отсто оштетен вид, тој е пофункционален и повитален од 99 отсто од машките од неговата генерација. Додека неговите врсници само се излежаваат и по цел ден се на компјутер, тој сам оди на факултет, сам си ги завршува обврските.. Јас сум горд, тој е борец низ животот и знам дека секогаш ќе биде успешен“, вели Зафиров.

Во истиот подкаст тој раскажа и една непријатна ситуација со која неодамна се соочиле како семејство. Имено, на неговиот син не му било дозволено да дарува крв со образложение дека е со оштетен вид. Тој сведочи за арогатното однесување на сестрата во просториите на Црвениот крст.

„Беше со мајка му Габриела. Таа си дојде расплакана, а и него првпат го видов натажен. Првпат да го видам тоа дете такво“, открива Зафиров.

Зафирови по потекло се од Неготино. Покрај синот Блаже, Тоше и Габриела ја имаат и ќерката Ангела која е тинејџерка.

Следни Објави

Тамара и Мачка повторно заедно: Честитки од сите страни (ФОТО)

Поп-ѕвездата Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар Димитровски денеска имаа голем повод за славење. Нинвото прво дете, ќерката Хана наполни седум години. Роденденската забава беше тематска, во знакот на хит-серијата Wednesday која ги урна сите рекорди на гледаност на стримиг-платформата „Нетфликс“. Фотографии од настанот објави Тијана Дапчевиќ која специјално допатува […]