fbpx

Првата половина од мај ни носи големо заладување, па дури и нов снег

Според последните анализи кои ги направивме, во првата половина на мај ни доаѓа ново поголемо заладување кое ќе донесе нови интензивни врнежи од дожд, па дури и од снег.

Во првата половина од мај очекуваме поинтензивни снежни врнежи на планините, особено во западните и во северозападните предели од Македонија, што значи дека нов снег очекуваме на Скијачките центри Попова Шапка, а можно е и во Маврово, како и низ планинските превои (особено на Стража).

Поинтензивните врнежи повремено ќе бидат проследени и со грмежи, како и со засилен ветер, а можна е појава и на ситен град.

Температурите со заладувањето кое го очекуваме во текот на првата половина на мај ќе бидат многу пониски од вообичаените, односно ќе биде многу постудено (температурите ќе бидат пониски дури и за околу 10 степени од вообичаените за првата половина на мај).

Славчо Попоски прогнозира дека за топли африкански продори во нашите краишта ќе се изначекаме, но и напоменува дека со оглед на тоа дека се работи за подолгорочно анализирање на времето, промени во прогнозите се можни.

„А, и добро е да ги има зошто такво студено време какво што цртаат нумеричките модели во моментот за мај месец и тоа како не ни се потребни“, пишува тој.

Следни Објави

Прва исповед на Тоше Зафиров за синот со оштетен вид: Јас сум горд, Блаже е голем борец

Еден од најпознатите македонски бодибилдери, Тоше Зафиров, првпат јавно проговори за синот Блаже кој има 99 отсто слепило. Тој во заедничкиот подкаст на Стефан Лазаров и Зоки Фаци си ја отвори душата, објаснувајќи дека долго време одбивал да зборува на оваа тема затоа што не сакал луѓето да го сожалуваат […]