fbpx

Вирус ги напаѓа мозокот и синусите: Сите се жалат на овие симптоми, најмногу децата

Доктор открива за што станува збор и како се лекува

Висока температура дури и над 39, главоболка и мачнина се симптомите на кои деновиве се жалат повеќето деца, но и младите, па и возрасните.

Педијатарот, д-р Саша Милиќевиќ, вели дека се работи за респираторен вирус кој ги напаѓа дишните органи.

„Децата се први на удар на овој вирус, но не се поштедени ниту возрасните, особено оние кои работат во колектив, бидејќи така најлесно се пренесува. Се шири преку капки, преку зборување, кивање и подоцна ракување. Најмногу циркулира во градинките и во училиштата, поради што први на удар се децата“, објаснува д-р Милиќевиќ.

Тој појаснува дека овој вирус може да ги зафати мозочните обвивки и затоа се јавува главоболка. Може да ги нападне и синусите, а често се јавува и дијареа. Симптомите се поизразени кај децата.

Д-р Милиќевиќ советува дека одморот е неопходен, бидејќи симптомите можат да траат од три до пет дена.

„Покрај мирување, треба да пиете лекови за треска, многу течности и витамини, додека антибиотици не треба да се даваат. Во суштина, телото само се справува со овие компликации. Проблемот настанува бидејќи симптомите се речиси идентични со оние на алергиите, а сезоната е во тек. Единственото нешто што може да разликува респираторен вирус од алергија е присуството или отсуството на температура. Но, дефинитивно се препорачува да се јавите на лекар за прецизно да се утврди за што точно се работи и кај децата и кај возрасните“, заклучува д-р Милиќевиќ.

Следни Објави

Отиде на пластична операција, па почина: Соопштени трагични вести

Почина младиот актер Сент Ван Колучи по десетина естетски операции кои ги направи во текот на само една година. „Ван Колучи почина рано во неделата на 22-годишна возраст, во болница во Јужна Кореја, од компликации настанати од неговиот последен зафат“, потврди неговиот публицист Ерик Блејк за „Дејли меил“. Колучи се […]