fbpx

Ја киднапираа, па со денови ја дрогираа и силуваа: Славната пејачка исчезна преку ноќ, а сега раскажа сè за траумата

Ејми Дафи се повлече од јавноста во 2011 година, а неодамна откри дека со денови била дрогирана и силувана од непозната личност

Токму кога ја објави песната „Mercy“ која стана нејзин најголем хит, познатата пејачка и добитничка на „Греми“, Ејми Дафи, реши да се повлече од јавноста. Нејзиното исчезнување со години беше мистерија, бидејќи „исчезна“ токму кога постигна неверојатен успех и преку ноќ стана најбараната поп-ѕвезда во Велика Британија.

Таа неодамна конечно се охрабри да проговори за грозоморните детали од трагедијата низ која поминала и тоа на специфичен начин-со обраќање преку нејзината веб-страница и профилите на социјалните мрежи.

Ејми била дрогирана и силувана, а, како што вели, ѝ требало долго време јавно да зборува за траумите кои ќе ги има дур е жива.

„Не постои лесен начин да ви го кажам ова. Многумина од вас се прашуваа што ми се случи, каде бев и зошто исчезнав. Многупати размислувал како да го напишам ова и како би се чувствувала потоа. Не сум сосема сигурна зошто чувствувам дека сега е вистинското време за тоа, дека зборувањето на опваа тема ќе ме ослободи. Сигурно се прашувате зошто не одбрав да го искористам статусот на ѕвезда и многу порано да ја изразам мојата болка“, ја започна Ејми својата исповед.

Вели дека не сакала светот да дознае за нејзината тага и дека не била сигурна дали ќе умее да пее како некогаш со такво скршено срце. Таа ги смири фановите кога им порача дека сега е безбедна и здрава.

„Ме силуваа, ме дрогираа и ме држеа во заробеништво неколку дена, но јас преживеав и ми требаше долго време да закрепнам“, напиша таа.

Подоцна, во нова објава откри што точно се случило.

„Ми беше роденден и бев дрогирана во ресторан, бев дрогирана и следните четири недели. Не можам да се сетам на качувањето во авион и на враќањето дома. Ме сместија во хотелска соба и ме силуваа. Се сеќавам на болката и обидот да останам свесна по се’ што се случи. Бев заглавена со насилникот уште еден ден, тој не ме ни погледна, цело време одев зад него. Полузаспана, на располагање. Размислував да побегнам во соседниот град додека тој спиеше, но немав пари и се плашев дека ќе испратат полиција поради бегство или дека ќе ме бараат како исчезнато лице. Не знам од каде имав сила да издржам се’ тие денови, но почувствував присуство на нешто што ми помогна да останам жива“, раскажува.

„Се вратив со него со авион, останав максимално смирена и нормална во таа ситуација, а кога дојдов дома, седев запрепастена како зомби. Знаев дека мојот живот е во непосредна опасност, ми даде до знаење дека сака да ме убие. Ме дрогираше следните четири недели, не знам дали и тогаш ме силуваше“, напиша, меѓу другото, на нејзиниот сајт.

Таа раскажа и како успеала да побегне и на крајот да стигне до полициската станица, но во текстот не го откри името на сторителот.

„Колку и да е мрачна мојата приказна, сето ова го кажувам од срце, за мојот живот и за животите на другите кои поминале низ истото страдање“, заклучува.

Пред да се повлече од музичката сцена и од јавноста, Дафи постигна голем успех и освои бројни награди. Нејзиниот деби албум „Rockferry“ стигна до врвот во Британија. Публиката најмногу ја памети по хитовите Mercy и Warwick Avenue.

Следни Објави

Се самоуби средношколец: Учениците знаеле сè, но не и родителите

Престижен интернат во Њу Џерси призна дека не направил доволно за да го заштити студентот (17) кој си го одзел животот на кампусот откако се проширија неосновани гласини дека е силувач. Џек Рид го посетувал училиштето Лоренсвил во округот Мерсер, лоцирано во близина на Универзитетот Принстон, каде што школарината чини […]