fbpx

Се самоуби средношколец: Учениците знаеле сè, но не и родителите

Престижен интернат во Њу Џерси призна дека не направил доволно за да го заштити студентот (17) кој си го одзел животот на кампусот откако се проширија неосновани гласини дека е силувач.

Џек Рид го посетувал училиштето Лоренсвил во округот Мерсер, лоцирано во близина на Универзитетот Принстон, каде што школарината чини неверојатни 76.000 долари годишно.

На 30 април, Рид изврши самоубиство откако цела година трпел насилство и слушал гласини дека е силувач.

„Училиштето признава дека малтретирањето и нељубезното однесување на другите ученици придонеле Џек Рид да си го одземе животот“, се вели во соопштението на управата на училиштето.

Изјавата беше дел од договорената спогодба меѓу добро познатиот интернат и родителите на Рид.

„Единственото нешто што би сакал да го сменам е да го вратам Џек“, изјави неговиот татко за „Њујорк Тајмс“.

Џек дошол во интернатот есента 2020 година како ученик во втора година и многу брзо се спријателил со другите студенти. Но, во текот на пролетниот семестар почнале да кружат гласини дека тој е силувач.

И покрај гласините, тинејџерот се вратил на училиште во септември 2021 година и бил избран за претседател на блокот во интернатот каде што живеел. Сепак, новата позиција му донела и нови непријатности.

Рид постојано бил малтретиран од студенти, а често му испраќале и анонимни пораки на социјалните мрежи.

За време на празниците, Рид и неговите соученици организирале таен новогодишен подарок. Џек добил свирче за силување и книга која содржи совети како да се спријателите со некого.

Таткото на момчето вели дека на неговиот брат му било многу тешко и дека постојано се прашувал кога ќе престанат гласините.

Еден соученик кој претходно бил дисциплиниран поради малтретирање на Рид, на крајот бил избркан поради втор инцидент, откри училиштето.

Неименуваниот ученик останал без надзор додека ги пакувал работите, а додека се дружел со своите врсници, лажно им рекол дека Џек е виновен што го исфрлиле од училиште.

Истата вечер, Рид ставил Библија во џебот од шорцевите за вежбање и оставил белешка во која ги упатил родителите на „Гугл документ“ во која детално пишувало низ што се’ поминал и колку беспомошно се чувствувал.

„Мораше да побегне од болката и од понижувањето што ги чувствуваше“, рече таткото на Рид.

Неговата мајка откри дека Џек бил кај психолог пред да се самоубие, но тој никогаш не му открил на својот терапевт дека има самоубиствени мисли.

Пред неговата смрт, Џек се обратил до училишната управа и побарал од нив да ги спречат овие лажни гласини и училиштето започнало истрага.

Резултатите од истрагата покажале оти нема докази дека Џек бил силувач.

Следни Објави

Толку млад! Трагедија! Македонија тагува, тешка несреќа се случи

Триесет и три годишен маж е пронајден мртов, соопшти МВР Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улицата „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ починал С.С. (33) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на […]