fbpx

Коста испланирал сè! Имал список со имиња, една работа ги загрижи сите

Нови шокантни детали за трагедијата која го потресе регионот

Началникот на белградската полиција, Веселин Милиќ, на вонредната средба со новинарите откри нови шокантни детали од истрагата за повеќекратното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

Милиќ откри дека осомничениот за масакрот самиот повикал полиција и пријавил дека пукал во неколку луѓе.

„Сум бил дел од илјадници истраги, ова е нешто невидено кај нас“, нагласи Милиќ.

Претставник на српското МВР обелодени дека делото било однапред испланирано. Милиќ на јавноста ѝ покажа и список што го составил 14-годишниот Коста, а на кој се наоѓаат имињата на децата што планирал да ги убие.

„Ова е планирано цел месец. К.К. го зел огненото оружје од станот на татко му и го донел со четири молотови коктели. К.К. имал скица од училиштето и список на деца што планирал да ги ликвидира. Самиот направил план на влезот и излезот од училиштето и поставил приоритетни цели. Обележал кого од кој клас ќе го ликвидира со бројки“, рече Милиќ.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Од мирно и повлечено момче до психопат: Кој е Коста, ученикот кој уби најмалку девет лица?

Српската полиција потврди дека осум деца загинале-седум девојчиња и едно момче. Чуварот се обидел да ја спречи трагедијата, по што и тој бил убиен. Едно девојче со сериозни повреди е оперирано, но и натаму е во критична состојба. Во Ургентниот центар се оперираат четворица ученици и наставничката по историја.

Полицијата го уапси и таткото на момчето што пукало. Една работа ги загрижи сите,а тоа е дека осомничениот заедно со татка си со години вежбале стрелање.

„Таткото тврди дека пиштолите биле заклучени во сефот под шифра, но очигледно детето ја имало шифрата на тој сеф, покрај двата пиштола, пронајдени се уште три рамки полни со куршуми. Неофицијално, заедно со неговиот татко вежбале стрелање. Во секој случај мерките предвидени со закон ќе бидат преземени и против таткото“, изјавија од српската полиција.

Следни Објави

Каков ангелски лик! Кукле! Еден поинаков статус за Коста кој зацрни најмалку девет фамилии

Читајќи ги вестите, сигурно повеќето од нас помислуваат: „Греота се убиените деца и возрасни“, „греота родителите“, „греота учениците“… Да, ама греота и за ова дете… каков ангелски лик, кукле, а што ли му се случувало во глава и што ли го натерало на такво нешто? Како ќе продолжи со животот? […]