fbpx

Од мирно и повлечено момче до психопат: Кој е Коста, ученикот кој уби најмалку девет лица?

Главна вест утрово не само на регионалните портали, туку и во светските медиуи е Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое уби најмалку девет лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Коста бил одличен ученик, одел на натпревари по математика и биологија и добивал бројни награди и пофалби. Важел за еден од најталентираните ученици во училиштето каде го изврши масакрот. Бил син на познат радиолог.

Неговите школски другари за него велат дека секогаш бил мирен и повлечен и дека никогаш не правел проблеми. Напротив, се истакнувал по примерното однесување.

Коста утрово пукал со два пиштоли. Имал пет полни рамки и ранец со молотови коктели, пишува „Информер“.

По масакрот е уапсен, а дел од медиумите во Србија пренесуваат дека наводно на полицајците им порачал дека е психопат. Се’ уште не е познат мотивот за злосторството.

Следни Објави

Ферус беше во кома: Ова е потресно, еве што му се случило

По кратко боледување синоќа почина Ферус Мустафов. Тој пред три недели беше хоспитализиран во болницата „8. Септември“ во Скопје. Ова на „Фејсбук“ го соопшти неговиот внук Ферчо Мустафов кој откри детали за здравјето на легендарниот македонски кларинетист и саксофонист. „Се’ беше во ред со дедо ми, се’ беше супер, си […]