fbpx

Конечно убави вести! Се враќа евтината струја и преку ден, еве кога!

Се враќа дневната евтина струја, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Како што вели тој, досегашните анализи кои ги направиле покажуваат дека има можности да се врати евтината тарифа поради падот на цената на струјата на светската берза.

„До почетокот на јуни треба да бидат направени сите анализи за враќање на евтината тарифа. Цените на светската берза бележат значителен пад и тоа овозможува повторно да се воведе евтина струја два часа преку ден“, вели Бислимоски.

Според него, цените сега овозможуваат ЕСМ и ЕВН хоум да набавуваат струја на слободниот пазар, со цел да се чуваат ресурсите односно  јагленот и водата за зимскиот период, кога не се знае какви ќе бидат цените на струјата.

Во моментот, граѓаните користат само ноќна евтина струја од 22 до 06 часот наутро, како и во недела цел ден.

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто.

Евтината тарифа беше укината со образложение дека цената на струјата во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас, модел на користење на струјата како евтина тарифа немало никаде.

Следни Објави

Нова трагедија! Сите се збогуваат со Марија (16), тоа што се случи е страшно

Марија Антониета Кутиљо, шеснаесетгодишна девојка од Италија, почина откако случајно го испуштила телефонот во кадата, кој во тој момент бил на полначот. Според последните информации, несреќната девојка телефонски разговарала со својата пријателка додека се бањала, пишува „Дејли Мејл“. Во куќата не биле нејзините родители. На 911 се јавила нејзината пријателка, […]