fbpx

Поразително! Македонски статус за детството некогаш и денес кој мора да се прочита

Овој Урош од синојка, мора да бил жртва на булинг како дете! Ќе пишуваат сега некои…

Булингот не е нова појава. Постоел, постои и ќе постои. Само имињата ќе му се менуваат, некогаш беше „закачање“, денес „врсничко насилство“, утре можда ќе да му дадат и ново име.

НЕКОГАШ. Детето од мало го пуштаа да си игра само надвор, под надзор на поголеми братчиња и сестричиња. Малово се учи како само да се снаоѓа, како се паѓа па се станува, како се прават модрици и гребаници, како се суши на тело испотена маица, големиве се учат на одговорност, да ги пазат и бранат помаливе. Ако некој те закачал, па си дојдеш дома искубан и плачлив, ќе ти речат твоите – Па ти смотан/а си, што не му/ѝ врати?! Кога не знаеш да се браниш, не ми цмиздри сега тука, бриши мрсулите и памет за друг пат. Во училиште кога некој некого закачаше, пцуеше, вреѓаше, исмејуваше, му лепеа етикета на деликвент, го ставаа на ѕидот на срамот, ги викаа родителите на т.н „рибање“, по што деликвентот поради окрканиот срам, дома дополнително ќе си го окркаше. Ако продолжуваше, го бркаа од училиштето без пардон. Наставниците беа строги, авторитет, станувавме да ги поздравиме кога влегуваа со црвените огромни дневници кои „воспитно“ знаеја да ги треснат од катедра. Кој ќе се осмелеше да им противречи, не трчаше дома да пријави на мама и тато, туку криеше, зошто знаеше што ќе го чека кога ќе дознаат мама и тато, а дознаваа. Мама и тато не не бранеа, дури и кога бевме во право. Ама јас не, он прв почна, да ти кажам како беше… Не ме интересира како било, само ќе ти рече, за закачка или тепачка се потребни двајца. На крај краева, ако си глуп/ава, нека те тепаат. Во соба под казна! Се величаа и негуваа сосема други вредности, хуманост, другарство, меѓусебна помош и еднаквост. Сите бевме исти и сите носевме исти униформи.

ДЕНЕС. Детето од мало се држи за раче. Му висат родителите над глава на игралиште со ранци полни со сокчиња, водички, резервни маици, грицки, влажни марамици. Ако падне и се изгребе, одма се носи у болница. Ако некој го закача, телохранителите мама и тато одма се пуштаат во одбрана. Кога ќе ги преброиш, повеќе родители има отколку деца. И така си ги учат децата да бидат зависни од нив, презаштитени, размазени, неснаодливи, плашливи и секогаш да чекаат мама и тато да им ги решаваат проблемите со другарчињата. На училиште кога детето некој го закача, пардон, му врши булинг, не знае да се одбрани, да се заштити, туку трча дома да им каже на мама и тато. А мама и тато? Мама и тато облакаат панцири, се „наоружуваат“ до заби, одат во школо и сите по ред, од прв до последен, од директор до чувар ги прават лом, а бидејќи не се задоволни никогаш, дополнително преку врски од Биро или Министерство му се јавуваат на некој таму да му каже на директорот или наставничката да не се занесува многу, за да не лета од работа. Истото го прават и родителите на насилникот, фаќаат врски да не му се намалува поведение на детето или не дај боже некој да се дрзне па да го избрка. Жртвата на булингот е секогаш најдоброто дете на светот, овие што вршат булинг според нивните родители се исто така најдобрите деца на светот, ништо лошо не мислеле, само си играле. Наставници, директори, чувари… сите се безгласни букви, они стануваат кога родител влегува. Авторитет нула! А детето од мама и тато учи. Ако може мама да се кара со наставничката и да ѝ се заканува, зошто да не можам јас. Вредност не е почитување на другиот, хуманоста и другарството, туку егоизмот, себичноста, снобизмот, носењето најскапи алишта и патики кои не смеат да се покриваат со некакви нискобуџетни демоде униформи!

ИСТА ПЕСНА, ДРУГ ОРКЕСТАР И ПОСЛЕДИЦИ! ПОТПОЛНО ИСТА ПЕСНА, САМО СО ДРУГО ИМЕ И ВО ДРУГИ ВРЕМИЊА!

Фејсбук-статус на Калина Коси

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Ќе има ли прстен? Ирена Спировска одговори на најочекуваното прашање

Ирена Спировска ретко зборува отворено за приватниот живот. Заштитното лице на телевизија „Алфа“ долги години е во врска со Душко Исајловски со кого дели заедничка страст кон спортот и планинарењето.  Во нејзиното последно интервју на прашањето за евентуален брак со човекот кој успеа да ѝ го украде срцето, таа внимателно […]