fbpx

Утре славиме Ѓурѓовден: За богатство и среќа направете го ОВА!

Најголемиот христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив и секогаш се паѓа на 6-ти мај по новиот календар. Го празнува не само христијанското, туку и целото население воопшто.

Има голема традиција во словенските земји, меѓу кои и нашата, што значи дека неговата основа е празнувањето на природата, на будењето на вегетацијата и на животот воопшто.

Ѓурѓовден е празник врзан за најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодноста на стоката и добрите посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња и капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли преку целата година.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Страшно! Се појави нова снимка со убиецот од Младеновац (ВИДЕО)

Допрва ќе се истражува мотивот на новиот масовен убиец во Србија кој синоќа уби осум и рани 13 лица. Урош Б. (21) е совладан во селото Грошница близу Крагуевац, соопшти министерството за внатрешни работи, а во моментот на апсењето носел маица со нацистички симболи. На социјалните мрежи се појавија детали […]