fbpx

Неочекуван пресврт! Телефонот на Коста открива мрачна тајна, нови шокантни сознанија

Коста Кецмановиќ, момчето кое пред два дена во ОУ „Владислав Рибникар“ уби осум негови врсници и училишниот чувар Драган Влаховиќ и рани седум лица, детално го испланирал страшното убиство, но и како да ја избегне затворската казна.

Ова го покажало вештачењето на неговиот телефон, дознава „Блиц“.

Како што е утврдено, Коста го планирал масовното убиство цел месец, а она што било откриено во неговиот телефон е застрашувачко. Тој свесно го извршил убиството на своите врсници и училишниот чувар, бидејќи непосредно пред злосторството, на интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија за да истражи дали децата можат да бидат кривично одговорни.

„Знаел дека до 14-тиот роденден му преостануваат уште нешто повеќе од два месеци и дека има уште толку време да делува за да избегне кривична одговорност“, вели извор за „Блиц“.

ПРОЧИТАЈ И ОВА:

Кој би рекол? Се појави слика од мајката на Коста, еден детаљ особено паѓа в очи (ФОТО)

Исто така, вештачењето на мобилниот покажало дека ноќта пред масовното убиство Коста гледал американски блокбастер за масакр во училиште во САД. Неколку часа подоцна го извршил страшното злосторство.

Следни Објави

На сите со сини очи ОВА им е заедничко: Нема да ви се верува кога ќе прочитате

Синооки, се испостави дека сите делите ист предок, знаење што сигурно ќе направи другите синооки што се обидувате да ги запознаете да им биде непријатно. Знаеме дека сините очи се рецесивен ген. Но, ако се прашувате од каде точно потекнуваат тие гени, едно истражување покажа дека сите тие водат до […]