fbpx

Нови шокантни детали за трагедијата! Пред масакрот Коста го направил ОВА!

Коста Кецмановиќ, момчето кое пред два дена во ОУ „Владислав Рибникар“ уби осум негови врсници и училишниот чувар Драган Влаховиќ и рани седум лица, на само два дена пред масакрот бил на роденденска забава кај соученик од ОУ „Владислав Рибникар“.

На славеникот му порачал дека подарокот ќе го добие во училиштето на трети мај, очигледно мислејќи на страшното злосторство кое го подготвувал, но во тие моменти никој не можел да го претпостави тоа, раскажува врсник и пријател на Коста.

Ова истрауматизирано дете денеска положи цвеќе пред училиштето. Открива дека Коста неодамна побарал да го смени класот за да избегне малтретирање, но, според него, инцидентите продолжиле и во новото одделение.

„Коста никогаш не добиваше лоши оценки. Но, се соочуваше со многу навреди. Сепак, не се сеќавам дека некогаш бил физички малтретиран“, раскажува момчето.

Долго време биле пријатели, се дружеле и надвор од училиштето. Со часови игралее видео игри, особено „Фортнајт“, но играле и фудбал во паркот Ташмајдан.

„Коста беше мирен, повлечен, по малку интровертен“, завршува детето кое во последен момент се спасило скокајќи од прозорецот на училницата.

Следни Објави

Сè уште сум во брак: Тамара одлучи да раскаже сè за разводот, еве што точно се случило

По седум години брак, Тамара Тодевска одлучи да стави точка на љубовната приказна со поранешниот кошаркар Александар Димитровски. Популарната македонска пејачка, како што вели, одлуката не ја донела преку ноќ, а сега призна дека долго време живеела во агонија. „Во тој „кафез“ бев многу долго, живеев во агонија, сè се […]