fbpx

Огромна тага! Ја загуби битката со ракот, почина омилениот пејач од „Никогаш не е доцна“

По тешко боледување почина Ѓура Ѓалинац, поранешен учесник во шоуто „Никогаш не е доцна“.

Пред неколку месеци му беше дијагностициран рак на стомачното ткиво, а по неколку хемотерапии и третмани нагло му се влоши здравствената состојба.

Иако неговите сограѓани, семејството и пријателите ги здружија силите и иницираа донациска линија за да се соберат средства за негово лекување во Турција, Ѓура не издржа и го напушти овој свет.

На социјалните мрежи се споделуваат трогателни посвети.

„Не’ напушти нашиот другар и брат. Замина на подобро место. Немам зборови со кои можам да ја изразам мојата тага и болка. Искрено сочувство до семејството и децата“, напиша поранешниот учесник во истото шоу, Амел Кардашевиќ Аки, објавувајќи нивна заедничка слика.

Ѓура се прослави во популарното регионално шоу, а публиката ја „купи“ со својата неверојатна енергичност. Неговите четири деца и сопругата му беа најголема поддршка за време на натпреварувањето.

Дури и кога дозна дека боледува од рак, тој не ја изгуби волјата за живот.

„Лекарите велат дека ракот на абдоминалното ткиво е тешко да се дијагностицира, дека се’ уште е неистражен до крај, но со помош на терапија сега се подобрува. Упорен сум, ги слушам докторите и засега добро поднесувам се’. Порано од болки не можев да се движам, ниту да спијам, сега фала богу тоа чувство го немам. Се борам и ќе се борам додека можам“, неодамна изјави тој.

Следни Објави

Денеска е Марковден: Една работа е забранета, никако не правете го ова!

Денеска е Марковден, голем христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив и секогаш се паѓа на 25 април, односно на 8 мај по стариот календар. Свет апостол и евангелист, Марко е христијански апостол и светец, сопатник и помошник на Апостол Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, […]