fbpx

Се огласи наставничката во која пукаше Коста: Први зборови на Марија, ова е страшно!

Конечно се огласи наставничката по историја која во средата ја рани 13-годишниот Коста, момчето кое уби осум школски другари и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Според пишувањата на српските медиуми, во разговор со лекарите таа постојано повторувала една иста работа.

„Според лекарите кои се грижат за неа на хируршкото одделение на Клиничкиот центар на Србија, иако сега е надвор од животна опасност и вели дека се чувствува добро, наставничката Марија во состојба на шок го повторува само ова: Боже , Боже, што ни се случи! Што му требаше ова?“, открива извор од болницата.

Како што се дознава, поради сериозни повреди, неа ја чека уште една ортопедска операција.

Според последните сознанија од истрагата, Коста го планирал масовното убиство цел месец, а она што било откриено во неговиот телефон е застрашувачко. Тој свесно го извршил убиството на своите врсници и училишниот чувар, бидејќи непосредно пред злосторството, на интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија за да истражи дали децата можат да бидат кривично одговорни.

„Знаел дека до 14-тиот роденден му преостануваат уште нешто повеќе од два месеци и дека има уште толку време да делува за да избегне кривична одговорност“, вели извор за „Блиц“.

Следни Објави

Естрадата завиена во црно: Познатите пејачки се простуваат со трогателни посвети

„Прерано замина, сега си на некое подобро место“ На 38-годишна возраст ненадејно почина познатиот естраден фризер Никола Ракочи. Многу познати дами од регионалната музичка сцена со трогателни посвети се простуваат од својот омилен „мајстор на својот занает“ кој прерано го напушти овој свет. „Никола мој, патувај со ангелите. Во шок […]