fbpx

Убиецот немаше избор: Ведрана Рудан брутално искрена за масакрот на Коста

Ведрана Рудан секогаш без влакна на јазикот зборува на актуелни теми, а нејзината искреност многумина ја оценуваат како брутална.

Таа овојпат на нејзиниот блог го објави своето видување на масакрот во Србија, кога 13-годишниот Коста во средата уби осум школски другари и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Нејзината колумна ви ја пренесуваме во целост.

Живееме во свет полн со омраза. Луѓе, каде и да сте, Америка не е единствената која негува омраза како што се негува нежно растение. Внимателно, посветено, од ден на ден, од година во година. Постоиме како човечки суштества само ако имаме непријател и само ако ги вложиме сите сили во негово истребување.

Кој ни е непријател? На Хрватите Србите, на Србите Хрватите, на Украинците Русите, на Русите Западот.. За белците тоа се црнците, за црнците белците, за Евреите Палестинците, за Палестинците Евреите.. Секој е непријател на сите, а победник е оној кој е подобро наоружен.

Момчето од Белград животот го доживеал како војна. Кога имал дванаесет, да се надеваме дека медиумите не лажат, татко му го однел на стрелиште, му ставил пиштол в раце, му покажал мета и го научил да пука. Во срцето или во главата на хартиениот човек. Ако нацртаниот лик имал доволно куршуми во главата или срцето, таткото го пофалил момчето. Животот убива, посилниот победува, неправдата се лечи со смртта на ближниот. Кој тебе единица, ти нему куршум. Наставничката е непријател, децата околу вас се непријатели, чуварот на влезот во училиштето е непријател, зошто да ги оставите да живеат кога имате два пиштоли „во сеф под шифра“? Дали е проблем да се знае шифрата кога ти и татко ти сте воени пријатели од својата дванаесетта година? Другарите се на иста страна, делат се заедно, па зошто да не и шифра?

Таткото на момчето убиец е „угледен лекар“, односно човек кој спасува животи, човек кој не убива. Тогаш зошто пиштоли, пукање во цели, ставање оружје во рацете на дете? Пораката е јасна што не може да биде појасно-кога сте во неволја пукајте. Детето беше во неволја, пукаше, ги погоди планираните цели, бидејќи за тоа било тренирано.

Ајде да погледнеме околу себе, да погледнеме во себе. Ние сме исполнети со омраза и потреба да го тргнеме погледот кога ќе ја забележиме кај нашето дете. Навивачите со шипки в рака што тепаат „непријатели“ се „наши деца“, често и „херои“, на силувачите им се простува, во Хрватска, затоа што биле воини, односно убијци, наставниците се гледаат како криминалци кога и да му дадат пониска оценка на нашето дете од онаа што ние би им ја дале.

Убиецот, врсник на мојата внука, немаше многу избор кога се соочи со крвожедниот свет во кој живее. Гледаме дека се’ може да се реши со оружје, дека преку ноќ можеш да станеш „брејкинг њуз“ и херој на нашето време во перцепцијата на оние кои ќе го следат примерот на момчето од Белград. Да не се залажуваме. Ова е почеток. Сосема е лудо да се очекува медиумите да продолжат да пишуваат за оваа грозоморна тема на минимум, како што правеа Норвежаните кога минуваа низ истиот пекол. Ние не сме Норвежани. Триесет години по крвавата војна, ние сме во крвава војна, нашите „угледни лекари“ се вооружени до заби, како ли се тек вооружени „неугледните“, „обичните“ луѓе кои се исполнети со исто толку омраза?

Утеха за родителите на убиените деца нема, ниту ќе има некогаш. Има ли надеж за нас кои уште не сме удрени од раката на Злото?

Следни Објави

Се огласи наставничката во која пукаше Коста: Први зборови на Марија, ова е страшно!

Конечно се огласи наставничката по историја која во средата ја рани 13-годишниот Коста, момчето кое уби осум школски другари и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Според пишувањата на српските медиуми, во разговор со лекарите таа постојано повторувала една иста работа. „Според лекарите кои се грижат за […]