fbpx

Сè уште сум во брак: Тамара одлучи да раскаже сè за разводот, еве што точно се случило

По седум години брак, Тамара Тодевска одлучи да стави точка на љубовната приказна со поранешниот кошаркар Александар Димитровски.

Популарната македонска пејачка, како што вели, одлуката не ја донела преку ноќ, а сега призна дека долго време живеела во агонија.

„Во тој „кафез“ бев многу долго, живеев во агонија, сè се вртеше во круг, па тие зборови излегоа од мене од некој гнев. Додека пишував ми се врати она што ми се случи во претходниот период. Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека е лесно, ако навистина тоа го сакате. Ова е за сите што имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација“, раскажува Тамара.

Нашата најдобропласирана евровизиска претставничка открива и нови детали за разводот со Мачка со кого има две деца, ќерката Хана и синот Дарен.

„Сè уште сум официјално во брак, но повеќе не живееме заедно. Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак. Тоа е одлична работа што ја направивме еден за друг“, открива пејачката која по разделбата од сопругот имала голема поддршка од семејството и од пријателите.

„За сè има излез, само треба да верувате. Не излегов сама од тоа, има пријатели, родители, психолози, не се срамам од тоа. Најважно е што излегов од тој кафез“, заклучува Тамара.

Следни Објави

Шокантни детали за масакрот: Коста бил опседнат со ОВА, на лекарите им признал сè

Масовниот убиец, 13-годишниот Коста Кецмановиќ, на лекарите детално им раскажувал за Гебелс и неговите „генијални“ методи, дури спомнал и дека бил навредуван од Евреи. Во првиот исказ во полиција признал сè, но во болница тврдел дека имал „прекин во филмот“ и дека не се сеќава дека некого убил. Полицијата моментално […]