fbpx

Споделувајте! Се појави снимка со Антонија и Радмила, еве каде се видени

Цела македонска јавност е на нозе по веста дека попладнево им се губи секаква трага на две малолетни девојчиња од струмичко кои биле на училишна екскурзија во Скопје.

Случајот го пријавила нивната наставничка Е.А. која  последен пат ги видела пред трговскиот центар Веро Џамбо, од каде што се упатиле кон центарот на Скопје.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките.

„Струмица денес“ пред половина час објави видео од надзорна камера која го покажува последното место каде што се видени Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14) по кои од попладнево се трага.

Ова е споредна уличка од булеварот „Кочо Рацин“, меѓу трговскиот центар „Веро Џамбо“ и Олимписки базен. Последен пат се видени на оваа локација во 15:50 часот.

Доколку имате било каква информација, контактирајте го Марјан на 078 500 080

Следни Објави

Најдени се Антонија и Радмила: Се огласи мајката на едно од девојчињата

„Ви благодарам на сите, најдени се децата“, напиша на „Фејсбук“ мајката на едно од девојчињата кои денеска исчезнаа во главниот град. Цела македонска јавност попладнево споделуваше фотографии на две исчезнати малолетни девојчиња од струмичко кои дошле на училишна екскурзија во Скопје. Случајот го пријави нивната наставничка Е.А. која последен пат […]