fbpx

Уби осум деца, но само две прашања го мачат: Нови шокантни сознанија за Коста

Коста Кецмановиќ, момчето кое минатата недела уби осум негови врсници и училишниот чувар Драган Влаховиќ, не покажал никакво каење за тоа што го сторил, дознава српскиот портал „Република“ од лекарски извори.

Луѓе блиски на персоналот на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци каде што е сместен велат дека момчето единствено било заинтересирано за една работа.

„Зборуваат ли сите за мене?“ и „Дали сум новиот цар на социјалните мрежи?“ наводно биле единствените две прашања кои им ги поставувал на лекарите.

Според други извори, пак, масовниот убиец на лекарите детално им раскажувал за Гебелс и неговите „генијални“ методи, дури им напоменал и дека бил навредуван од Евреи.

Коста кој минатата недела изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, бил опседнат со Адолф Хитлер! Момчето на лекарите во психијатриската клиника каде што е сместено по апсењето детално им раскажал за нацистичката идеологија, за Хитлер и за „генијалните методи и планови“ на шефот на нацистичката пропаганда Јозеф Гебелс!?

„Јас сум новиот фирер, ќе го обединам светот“, им рекол Коста на лекарите кои останале со подоотворена уста, на кои дури им рекол дека Евреите страшно го навредувале, но не можел да објасни како, кога и каде се случило тоа!

Според последните сознанија, при претресот на станот во кој живеел Коста, во неговата соба биле пронајдени бројни книги и скрипти со нацистичка литература. Родителите, пак, тврдат дека не знаат ништо за тоа!?

Во меѓувреме заврши вештачењето на мобилниот телефон на Коста и истиот крие мрачни тајни.

Што конкретно правел осомниченото момче-убиец пред да го изврши злосторството, можете да прочитате ОВДЕ!

Следни Објави

Страшно! Девојче се брани од глутница кучиња, во последен момент спаси глава

До кога вака!? Вознемирувачко видео од Тетово се споделува на социјалните мрежи. На снимката се гледа како глутница кучиња ѝ се пуштаат на девојче кое вознемирено и испаничено почнува да вреска. Во даден момент, девојчето паѓа на земја. За среќа, во близина има друг човек кој успева некако да ги […]