fbpx

Неочекуван пресврт! Нови сознанија за масакрот, Урош тргнал во крвав поход поради освета?!

Осумкратниот убиец Урош Блажиќ (20) имал намера да го започне својот крвав поход во центарот на селото Мало Орашје, но кобната ноќ таму не нашол никоj. На враќање поминал покрај група млади луѓе кои биле на пикник, па одлучил тие да му бидат мета.

Иако поминаа четири дена од масовното убиство во селата кај Смедерево и Младеновац, се’ уште се склопува мозаикот од крвавиот поход на убиецот од Дубона.

Според неофицијални информации, Блажиќ вооружен со автоматска пушка, пиштол и рачна бомба најпрво со својот „мерцедес“ од Дубона се упатил кон соседното Мало Орашје. Возел до центарот на ова село каде се собираат мештаните. На пат до таму, тој поминал покрај група млади луѓе, кои правеле пикник кај споменикот во Равни Гај, на околу километар или два од селото.

Кога пристигнал во центарот на Мали Орашје, таму не нашол никој. Во спротивно, можно е страшното сценарио да било сосема поинакво. Го свртел автомобилот и се упатил назад кон Дубона. Застанал до насобраните деца кај споменикот, излегол од возилото, им наредил да легнат на земја и отворил оган кон нив. Потоа влегол во автомобилот и продолжил кон Дубона. Таму најпрво со пиштол пукал кон неколку постари мажи кои ја поправале оградата. Потоа со автомобил се упатил кон училишниот двор каде што убил млад полицаец и неговата сестра и уште едно момче и пукал по случаен избор низ дворот.

Откако убил осум и повредил 14 лица, тој го оставил возилото и во двор во Шепшин украл автомобил „рено спејс“ со кој се упатил до клучката на автопатот кај Мали Пожаревац. Таму го запрел таксистот кој возел трудница од Смедерево. Со закана од бомба, сите тројца го продолжиле патувањето кон Уб, каде ја оставиле трудницата. Потоа таксистот го возел осомничениот до селото Вињиште кај Крагуевац, каде што го оставил.

Засега нема информации дали осомничениот бил под дејство на алкохол или дрога. Земени се примероци, се чекаат резултати. Според мештаните, Урош не бил зависник од алкохол, тутун или наркотици.

Тој беше уапсен по повеќе од осум часа од злосторството и масовната потера во која беа вклучени повеќе од 600 полицајци.

Не се точни информациите дека се започнало со расправија во Дубона и наводен конфликт со млад полицаец. Таа вечер не се случила тепачка. Убиецот наводно сакал да им се одмазди на селаните затоа што го омаловажувале него и неговото семејство. Тоа е мотивот кој сега се издвојува како најверојатен. Секако, тоа ќе го утврди истрагата.

Споредизвори на обвинителството, тој изјавил дека пукал во непознати лица затоа што сакал да го исплаши населението од овие села.

Автоматската пушка со која Урош Блажиќ го извршил делото се’ уште не е пронајдена. За време на бегството, тој ја фрлил некаде во поширокото подрачје на селото Дубона. Потрагата по оружјето продолжува. Пиштолот е пронајден.

Урош Блажиќ ја изнесе својата одбрана во обвинителството во Смедерево, а по службена должност доби бранител, по што му е одредена мерка притвор од 30 дена.

Следни Објави

Убави вести! Прилив на сметките во втората половина на мај за овие граѓани

Втората половина на мај ќе биде поволна за повеќето хороскопски знаци. Сепак, голема финансиска добивка ги очекува само следните претставници! ЛАВ Добивката е загарантирана, доколку сте подготвени да работите напорно. Ќе ви се укаже нова прилика за работа или решение за некој проблем. Доколку сте вработени и незадоволни од платата, […]