Втората половина на мај ќе биде поволна за повеќето хороскопски знаци.
Сепак, голема финансиска добивка ги очекува само следните претставници!
ЛАВ
Добивката е загарантирана, доколку сте подготвени да работите напорно. Ќе ви се укаже нова прилика за работа или решение за некој проблем. Доколку сте вработени и незадоволни од платата, во втората половина од месецот среќата ќе ви се насмевне доколку побарате покачување. Бидете трпеливи.
БЛИЗНАЦИ
Доколку сте дел од поголем работен колектив, втората половина од мај ќе ви донесе голема заработка. Ќе ви се отворат и нови можности за инвестирање или промовирање и продавање на некој производ. Вашите финансиски цели ќе бидат остварени, но избегнувајте го потенцијалниот ризик. Немојте да го наметнувате вашето мислење на другите.
ОВЕН
Мај е погоден за развојот на вашата кариера, како и за зголемување на приливот на пари. Посветете ѝ се на работата и дајте го најдоброто од себе, па добрите резултати нема да изостанат. Успехот ви е на дофат на рака, но немојте да станете незаситни и да правите несигурни вложувања. Можете да заработите и од некој стар проект, особено во вториот дел од месецот.