fbpx

Македонија тагува: Направи многу за државата, вечна слава професоре!

Почина проф. д-р Зоран Милутиновиќ (1950-2023), редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Беше доајен на македонското и европското земјотресно инженерство, афирмиран научник во областа на земјотресното инженерство, управувањето со катастрофи и стратешкото планирање.

Докторираше на Универзитетот во Кјото, Јапонија во 1986 година. Автор е и коавтор на најмалку 164 научни реферати, 382 научно стручни публикации и две книги. Беше дел од уредувачките одбори на неколку меѓународни списанија, пишува „Порта3“, единственото стручно списание за градежништво, архитектура и екологија во Македонија.

мм

Беше професор во ИЗИИС од 1992 година и визитинг професор на Универзитетите во Кобе (1994) и Кјото (2001), Јапонија и Универзитетот „УНИОН – Никола Тесла“, Факултет за градежен менаџмент, Белград, Србија (2008-2015).

Проф. Зоран Милутиновиќ беше проект менаџер на големи национални и меѓународни проекти, консултант и експерт на различни агенции на Обединетите нации и Советот на Европа.

Добитник е на бројни награди и признанија за научната и стручна работа, посебно за неговото учество во послеземјотресните мисии и изработка на стратешки документи и планови од интерес за државата.

Следни Објави

ТАГА! Почина легендарната актерка: Скршени срца, сите ја сакавме..

Легендарната актерка Жаклин Земан почина на 70-годишна возраст. Тажната вест ја објави нејзиниот продуцент Френк Валентини на „Твитер“. „Со скршено срце ги информирам сите колеги и луѓето кои ја сакаа, дека нашата Џеки го напушти овој свет“, напиша тој. Актерката се прослави со легендарната улога на Боби Спенсер во хит-серијата […]