fbpx

Урош бил слаб на познати: Масовниот убиец бил интимен со овие две старлети (ФОТО)

Масовниот убиец од Младеновац, 21-годишниот Урош Блажиќ, кој уби осум, а рани 14 лица во полноќен напад со автоматско оружје, е уапсен и сместен зад решетки.

Урош на социјалните мрежи се претставувал како „жесток фраер“, а како што можевме и да се увериме во едно видео кое беше објавено на „твитер“ идол му бил докажаниот криминалец Кристијан Голубовиќ кој неодамна гостуваше во Скопје во еден од подкастите на популарниот македонски јутјубер Стефан Лазаров.

Најдобар пријател му бил Никола Ѓорѓевиќ, ѕвезда од српското реално шоу „Задруга“.

Пред некое време се пофалил дека е во врска со словенечката старлета Дениз Дејм.

Се појавија и фотографии на кои се гледа дека тој навистина е во друштво на девојката позната по своето недолично однесување. Сликите се од забава на која се присутни осомничениот убиец Урош, Дениз Дејм и Филип Цар.

Но, како што пишуваат српските медиуми, Дениз не била единствената старлета со која разменувал нежности. Софија Уна Маниќ ја поминала целата вечер со Урош во еден ноќен клуб, непосредно пред крвавиот поход.

Инстаграм-профилот на Блажиќ е затворен набргу по масакрот, а во меѓувреме анонимни лица отворија нов профил со негово име. Во екот на потрагата по Блажиќ, преку тој профил беа објавувани пораки во кои се величи неговото „дело“.

Блажиќ е уапсен во околината на Крагуевац по целовечерна потрага.

„Тој е ненормален, како и неговото семејство. Знам дека еднаш беше уапсен за муниција. Сакаше сплавови, идол му беше Кристијан Голубовиќ. Возеше мотор, ќе влезеше во селото со 200 километри на час. Само така го гледавме“, велат мештаните кои го познавале.

Следни Објави

Македонија тагува: Направи многу за државата, вечна слава професоре!

Почина проф. д-р Зоран Милутиновиќ (1950-2023), редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Беше доајен на македонското и европското земјотресно инженерство, афирмиран научник во областа на земјотресното инженерство, управувањето со катастрофи и стратешкото планирање. Докторираше на Универзитетот во Кјото, […]