fbpx

Ќе се изненадите од точните податоци: Крвната група открива многу за вас

Јапонците веруваат дека крвната група има големо влијание на нечиј карактер и способност.

Оваа теорија ја поставил Масахико Номија, во своето истражување уште во 1970 година.

Крвна група А

Луѓето со оваа крвна група ги пуштаат другите пред себеси, знаат да сослушаат што другите луѓе им кажуваат и се одлични пријатели. Овие луѓе сакаат ред, дисциплина и стабилност. Многу се вредни, но и емотивни. Знаат да работат во тим, домот и семејството им се многу важни. Со текот на времето кај нив може да се развие анксиозност и депресија. Тие се добри писатели, правници и економисти. Во љубовта најмногу си одговараат со луѓе од крвната група А и АБ.

Крвна група Б

Имаат високо развиена имагинација. Големи ентузијасти, заинтересирани за многу работи во разни области. Сакаат да го споделат своето знаење со други луѓе. Доста се интуитивни. Тие се добри психијатри, детективи и новинари. Во љубовта најмногу си одговараат со партнери од крвните групи А и АБ.

Крвна група АБ

Овие луѓе се ретки и се чини дека собрале некои квалитети својствени за луѓе од другите крвни групи. Имаат одлични организациски вештини, внимателни се, одговорни и искрени. Луѓето со оваа крвна група се добри во професии како што се односи со јавноста, менаџерски позиции и професии во образованието. Во љубовта одлично се снаоѓаат со сите групи.

Крвна група 0

Овие луѓе имаат високо развиени лидерски вештини. Добри се како сметководители, политичари и терапевти. Од друга страна, пак, се стремат да бидат искрени и фер во секоја ситуација. Тие се во состојба да ги ограничат своите емоции.

RH фактор – негативен

Секоја крвна група се дели на две подгрупи во зависно од тоа дали Rh факторот е позитивен или негативен. Се смета дека овие луѓе имаат повисок коефицент на интелигенција од просечниот, но и почесто од другите луѓе развиваат необјасниви фобии. Од оние со позитивен RH се почувствителни на температурна промена.

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Неочекуван потег! Мајката на Коста ги изненади сите

Мајката на Коста секој нареден саат добива по неколку десетици заканувачки пораки преку интернет за злосторството на нејзиниот син. Ова го тврди близок роднина на семејството Кецмановиќ. Од безбедносни причини таа планира да се пресели во странство, открива истиот извор. „Миљана и нејзината десетгодишна сестра веројатно први ќе ја напуштат […]