fbpx

Го славиме Св. Атанасиј Велики: ВАКА ќе го заштитите домот од несреќа

Го славиме Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“.

Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

На многу места сè уште постои легенда за тоа како ѓаволот го искушувал свети Атанасиј преправајќи се во најубавата девојка која го искушувала да се одрече од Бога и да ѝ се придружи во обожавањето на несветите. Свети Атанасиј ја видел оваа измама и ја замолил девојката да му ја покаже ѓаволската моќ скокајќи во мала тегла. Таа го сторила тоа, а монахот веднаш го затворил садот и го фрлил во морето. Легендата вели дека теглата лебдела со години, додека не ја пронашле рибарите кои ја отвориле.

Старите велат дека штом загрми, ѓаволот мисли дека е свети Атанасиј, се плаши и веднаш скока во садот. Затоа е важно на овој ден сите садови да бидат цврсто затворени.

Свети Атанасиј го слават мелничарите кои веруваат дека тој ден ѓаволите демнат во вировите, па ни тогаш не работат водениците.

Следни Објави

Ова ли е детето кое уби десет луѓе? Ново шокантно видео со Коста

Тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ повторно е топ-тема во регионалните медиуми, откако денеска им подлегна на повредите уште една ученичка која ја застрела и со тоа бројот на жртви во крвавиот поход во училиштето „Владислав Рибникар“ се искачи на десет. И додека едни ги осудуваат родителите кои му дале пристап до оружје, […]