fbpx

Ова ли е детето кое уби десет луѓе? Ново шокантно видео со Коста

Тринаесетгодишниот Коста Кецмановиќ повторно е топ-тема во регионалните медиуми, откако денеска им подлегна на повредите уште една ученичка која ја застрела и со тоа бројот на жртви во крвавиот поход во училиштето „Владислав Рибникар“ се искачи на десет.

И додека едни ги осудуваат родителите кои му дале пристап до оружје, за други виновно е општеството и искривените вредности во истото.

Во меѓувреме, секојдневно се објавуваат нови снимки и фотографии од Коста.

Српскиот портал „Информер“ пред неколку дена објави фотографија од приватниот албум на Кецмановиќ. На сликата е Владимир К. со ќерката и со синот Коста, додека децата се уште се мали, од една нивна безгрижна прошетка низ градот.

Фотографијата е направена пред десет години во центарот на Белград, кога сестрата на осомниченото момче-убиец сè уште е бебе. Очигледно семејството тој ден купувало цвеќе, а Коста е фотографиран со сладолед во раката.

На „Јутјуб“, пак, е објавено видео кое никого не остава рамнодушен.

„Оф сонце, пресладок е.. Мало ангелче“, е еден од коментарите на социјалните мрежи. Сепак, има и доста вулгарни коментари од типот „монструм“, „мал убиец“..

На истото наводно е Коста и е создадено во 2015 година, а можете да го погледнете ОВДЕ!

Инаку, луѓе блиски на персоналот на Клиниката каде што е сместен Коста велат дека момчето не покажало никакво каење и дека единствено било заинтересирано за една работа.

„Зборуваат ли сите за мене?“ и „Дали сум новиот цар на социјалните мрежи?“ наводно биле единствените две прашања кои им ги поставувал на лекарите.

Според други извори, пак, масовниот убиец на лекарите детално им раскажувал за Гебелс и неговите „генијални“ методи, дури им напоменал и дека бил навредуван од Евреи.

Следни Објави

Го убил соседот (34), па се самоубил: Крвава драма во Демир Капија

Трагедија ги вознемири македонските граѓани, ова се деталите Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија. Иако нема потврда од полицијата, сепак, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврдил дека се случил немил настан. Тој изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило. Првичните информации се […]