fbpx

Детали за трагедијата во Демир Капија: Еве што точно се случувало

Убиство и самоубиство кое утрово се случи во Демир Капија ги вознемири македонските граѓани.

„Денеска (16.5.2023), во 6.50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б. М. (34) и М. К. (72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска помош, а во координација со јавен обвинител на местото се врши увид“, соопшти МВР.

Првичните информации се дека 72-годишникот пукал во соседот што живеел над него во зградата, а потоа си пресудил.

Неофицијално, двајцата соседи имале претходни недоразбирања подолг период. Живееле во иста зграда, а за меѓусебните недоразбирања пријавувале и во полиција, пишува „Фокус“.

„Никој не можеше да претпостави дека состојбата до толку ќе излезе од контрола и дека ќе се случи ваква трагедија! Две семејства се завиени во црно. Помладиот демиркапиец се’ уште немаше оформено ниту свое семејство, повозрасниот минуваше низ тежок период и се соочуваше со болест на близок член во фамилијата. Сите сме во шок“, раскажуваат жители на општината за „Фокус“.

Следни Објави

Сомнителна смрт! Ненадејно почина синот на Синан Сакиќ, шокантни детали од минатото

Во затворот во Сремска Митровица почина Рашид Сакиќ (45), син на покојниот пејач Синан Сакиќ. Причината за смртта не е позната. „Известени се полицијата, обвинителството и судот. Телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад“, велат за српски „Курир“ од Управата за извршување на […]