fbpx

Лила повторно си ја отвори душата за најтешкиот период: Џабе живееш ако..

Лила Филиповска пред неколку месеци ја симна периката и во ексклузивно интервју за „Убавина и здравје“ првпат без заддршка проговори за канцерот на дојка.

Јавноста беше воодушевена од нејзината храбра битка, а познатата водителка и инфлуенсерка сега повторно се осврна на оваа тема.

„Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот. И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот! Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив! Сега година подоцна се обидувам да си ги исполнам сите желби и кеифови без заддршка! Па џабе живееш ако не уживаш во животот! А и полесно е кога имам неколку, ама вистински пријатели. Патувањата се мојата пасија..“, напиша Лила на „Инстаграм“.

Инаку, откако ја доби битката со ракот, таа одлучи јавно да одговори на сите сензитивни прашања кои ѝ ги поставија на социјалните мрежи.

Како се посомневала во болеста и дали претходно практикувала редовни прегледи? Зошто се одлучи за операција во Турција, а не овде кај нас? Во кој стадиум ѝ го откриле ракот и дали за време на хемотерапиите била на посебен режим на исхрана? Одговорите ги имате ТУКА!

Следни Објави

Најтажната слика со Ферус: Ќе ве расплаче (ФОТО)

Со „Бетовен тио“ на Војниот оркестар, вчера до вечното почивалиште беше испратен кралот на ромската музика Ферус Мустафов. Најблиските роднини, пријатели и колеги дојдоа на гробиштата во Камник да му оддадат почест на нашиот легендарен музичар. На погребот присуствуваше и познатата фолкерка Сузана Гавазова која често настапуваше со Мустафов. Најемотивната […]