fbpx

Најтажната слика со Ферус: Ќе ве расплаче (ФОТО)

Со „Бетовен тио“ на Војниот оркестар, вчера до вечното почивалиште беше испратен кралот на ромската музика Ферус Мустафов.

Најблиските роднини, пријатели и колеги дојдоа на гробиштата во Камник да му оддадат почест на нашиот легендарен музичар.

На погребот присуствуваше и познатата фолкерка Сузана Гавазова која често настапуваше со Мустафов.

Најемотивната слика на социјалните мрежи ја објави неговиот внук Ферчо Мустафов кој пред неколку недели прв ги откри тажните вести дека неговиот славен дедо е во кома и дека се бори за живот.

„Се’ беше во ред со дедо ми, се’ беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар и е во кома. Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, но не знаеме зошто еден лекар му ја тргна. Откако прекина со таа терапија, еве се случи ова, мозочниот удар. Неочекувано за сите нас, секако и за неговите обожаватели, бидејќи до пред некој ден го гледаа како без проблем си извршува секојдневни обврски“, раскажа во таа прилика внукот за „Фокус“.

Следни Објави

Зрачеше со топлина: Македонија тагува по Мемет, ова беа неговите соништа

Сонуваше да сними песна и да стане познат рапер Од здравствени компликации почина младиот херој Мемет Камбер (2002-2023), продавач од редовите на „Дневен центар за деца на улица“. Тажната вест ја соопштија од платформата „Лице в лице“ која има помага на ранливите лица да заработат, но и да бидат дел […]