fbpx

Побара сметка, па ја шокира келнерката! Кога си погледна в рака, избезумено излета

Животот на келнерите воопшто не е лесен, со часови стојат на нозе, а кога ќе дојде време да ја наплатат сметката многу гости размислуваат дали да остават бакшиш.

Ејми, келнерка од мало американско гратче, имаше среќа да го запознае Џими Доналдсон.

Познатиот инфлуенсер ѝ подготви шокантно изненадување, а видеото кое го објави на социјалните мрежи за помалку од 24 часа го погледнаа повеќе од 47 милиони луѓе.

Имено, Џими на Ејми ѝ подари клучеви од Тојота Корола.

“Ејми со месеци доаѓаше на работа без автомобил. Благодарение на вас, сега го променивме тоа”, порача Доналдсон, па од Ејми дозна дека нејзиниот најголем бакшиш досега бил 50 долари.

@mrbeast

Amy’s been getting to work without a car formonths, thanks to you we changed that 🙂

♬ original sound – MrBeast

Џими, кој е познат по прекарот Мистер Бист, учествува во бројни хуманитарни акции. Меѓу најзапаметените беше онаа од јануари годинава кога плати операции на катаракта за 1.000 луѓе. Неговото видео со наслов „1.000 слепи гледаат за првпат“ за само четири дена го погледнаа 75 милиони луѓе.

Видеото покажа трогателни моменти кои не оставија никого рамнодушен.

„Половина од сите слепи во светот се луѓе на кои им е потребна операција од 10 минути“, објасни докторот, наведувајќи дека катарактата е честа причина за слепило, дека тоа не е комплицирана операција, но дека, за жал, луѓето не можат да си ја дозволат.

Во јануари 2022 година, магазинот Форбс го прогласи Доналдсон за најплатен автор на YouTube и процени дека тој заработил 54 милиони долари само во 2021 година.

Следни Објави

Почина младата актерка од рак на јајници, овие симптоми не смеете да ги игнорирате

По долга битка со ракот на јајниците, почина Саманта Вајнштајн. Имаше само 28 години. Веста за смртта на младата актерка ја потврди нејзиниот татко Дејвид Вајнштајн. „Ќерка ми беше како сонце и осветлуваше сè, каде и да се појавеше“, напиша тој на социјалните мрежи. Мајката на Саманта изјави дека нејзиниот […]